Кафе муабет

Неверојатни факти за децата родени во есен- тие се посебни!

Истражувањата покажаа дека бебињата родени на есен подоцна се вистински спортски типови...

Дали знаевте дека бебињата што се раѓаат во есен се уникатни на многу начини? Ви пренесуваме осум интересни факти за бебињата родени во ова годишно време.

Фото илустрација

Есента е омилена сезона на многу мајки. Не е премногу топло и не е премногу студено, некако е идеално време за породување.

Прочитајте некои од интересните работи што ги прават есенските бебиња различни од другите:

Фото илустрација

1. Според Националната академија на науките, бебињата зачнати помеѓу јануари и мај имаат помала родилна тежина. Ова е секако добредојдено за идните мајки кои се нервозни поради породувањето.

2.Ако се надевате дека вашето дете ќе биде иден кошаркар, можеби имате среќа. Според многу студии, бебињата родени на есен се малку повисоки од бебињата родени во пролет или зима. Научниците го објаснуваат овој факт со тоа што мајките на есенските бебиња се повеќе изложени на сонце за време на бременоста, а нивните тела потоа произведуваат повеќе витамин Д кој е одговорен за растот и развојот на коските. Ова е поткрепено со фактот дека есенските бебиња имаат поцврсти коски.

Фото илустрација

3. Истражувањата покажаа дека бебињата родени на есен подоцна се вистински спортски типови. Бебињата родени во септември и ноември се најуспешни, потоа бебињата родени во октомври. Фактот дека повеќето професионални спортисти се родени во есен, секако го поддржува ова истражување.

Фото илустрација

4. Можеби затоа што нивните мајки минуваа повеќе време на воздух, беа изложени на летно сонце и беа поактивни за време на бременоста отколку бремените жени во други сезони се верува дека овие бебиња живеат подолго. Но според Националната академија на науките, есенските бебиња живеат дури од 160 до 219 дена подолго од другите бебиња.

5. Според истражувањето на Универзитетот Вандербилт, бебињата родени во есенските месеци имаат поголем ризик од астма отколку другите бебиња. Научниците веруваат дека тоа се случува затоа што во текот на зимата, ние остануваме дома повеќе со затворени прозорци и вклучено греење, така што ова е една од причините за почеста астма, или поголема изложеност на алергени (како грини) во првите месеци на животот.

Фото илустрација

6. Финска студија покажа дека бебињата родени во октомври и ноември се под поголем ризик да развијат алергија на храна, особено на јајца и млеко. Поленот што предизвикува развој на еден вид антитела во првиот триместар од бременоста е потврден како „виновник“, а научниците веруваат дека чувствителноста на храна што содржи алергени е резултат на фетална изложеност на полен за време на критичниот период од бременоста.

Фото илустрација

7.Многу е веројатно вашето есенско бебе да биде супер спортист, но и супер студент. Британска студија спроведена на 48.000 деца покажа дека најуспешните ученици се деца родени во септември. Ова исто така може да биде поврзано со тоа што децата родени во есен се меѓу постарите во својот клас и се повеќе физички и психички развиени кога одат на училиште, така што се чувствуваат посигурни во себе.

Фото илустрација

8. Истражувачите се интересираа во кој месец од годината се раѓаат повеќето деца, и со анализа на податоци од 20 години, во периодот од 1994 до 2014 година, дошле до заклучок во кој месец се раѓаат најмногу деца.Тоа е месец септември, а најчестите родендени се помеѓу 9 и 20 септември. Некои од причините може да бидат дека времето на зачнување на есенските бебиња е за време на празниците, кога повеќето луѓе земаат одмор за да ги поминат во кругот на своите најблиски. Друга причина, според лекарите, може да биде тоа што квалитетот на спермата е поголем во текот на зимските месеци, за разлика од топлите, летни месеци.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close