Кафе муабет
На среќата и нема крај: Мирко Шијан и Бојана направија голема прослава – ечеше Сурчин, се славеше до зори!
Направија крштевка за малиот Зоран Шијан...
Мирко Шијан и Бојана Родиќ направија голема крштевка за својот наследник Зоран, кој го доби името по покојниот татко на Мирко.
Имено, сестрата на Бојана, Наташа, на својот Инстаграм сподели видео од церемонијата.
На видеото се гледа како Бојана и Мирко го занимаваат бебето, а во позадина се гледа бајковит украс со многу балони во нежни бои.
Исто така, Бојана сподели фотографија од украсувањето со своите придружници на Инстаграм, а многумина беа воодушевени со оглед на тоа што таа се погрижи за секој детал.
Да потсетиме, како што напиша претходно српски Курир, Шијан имал желба да ги почитува сите обичаи кога станува збор за крштевањето.
На големата прослава запеа и мајката на Мирко Шијан, познатата пејачка Гоца Божновска.
Крштевката на малиот Шијан, беше само еден ден по најтажниот ден во семејството!
Пејачката Гоца Божиновска, нејзиниот син Мирко и ќерката Зоранa никогаш нема да го преболат 27-ми ноември бидејќи тогаш го загубија столбот на своето семејство.
Пред точно 22 години, во центарот на Белград беше ликвидиран Зоран Шијан, најпознатиот Сурчинац и поранешен кик боксер.
Тој е убиен на 27 ноември 1999 година околу 1.30 часот по полноќ додека седел зад воланот на својот автомобил и чекал зелено светло на семафорот, а овој случај никогаш не беше решен.
Во оваа прилика пред два дена преку социјалните мрежи се огласија неговиот син Мирко и неговата сопруга Гоца Божиновска, а пејачката еднаш отворено за медиумите проговори за нивната љубов, но и за кобната вечер кога дозна дека Шијан е убиен.
Како што рече, убиството се случило додека таа била на настап во Виена, а страв дополнително ја совладал кога помислила дека нивниот син Мирко во тој момент се уште е со него. Се испостави дека Зоран неколку моменти пред смртта го оставил својот син дома, а покојниот Шабан Шаулиќ и ја соопштил тажната вест на Гоца.
– Таа вечер бев во Виена, Шабан Шаулиќ утредента требаше да работи со мене во Италија. Го завршив првиот блок песни и дојдоа момци со чанти, шанери, имаа машка гардероба. Избрав прекрасен џемпер од кашмир, го купив и го оставив во гардеробата. Требаше да го започнам вториот блок, кога се вратив во соблекувалната ми заѕвони телефонот. Ми се јави Шабан, мислев дека ми се јавува поради планот, што требаше да го направиме за следниот ден. Веднаш слушнав дека гласот му е чуден, ме праша: „Каде си, слушна ли нешто?“. Во истата секунда ми се отсекоа нозете, знаев дека нешто се случило. Ми вели: ‘Смири се, те молам, не е вистина’ – рече Гоца.
-Инаку, кога го завршив тој прв блок песни, Зоран ми се јави и ми рече: „Мирко е со мене, Зорана си отиде дома. Мирко нема да се одвои од мене, му купив торба полна со киндер јајца и нејке да оди. Плаче. Сега ќе си оди дома за некое време, ќе го однесе зетот“. Па ми текна дека детето е со него. Шабан ми рече: „Мислев дека знаеш, можеби не е вистина, слушнав дека пукале во Шијан“. Автомобилот застана пред зградата каде што ме зема првиот пат кога се венчавме, таму живеев. Шабан ми вели „Престани, не паничи, можеби е жив“. Паднав, се онесвестив, обезбедувањето скокна околу мене, ме полија со вода, ме однесоа во хотел – раскажала пејачката.
Гоца никогаш не престана да го оплакува својот покоен сопруг, а се уште го споменува во своите интервјуа.