Кафе муабет
Најубавата Хрватица прозборе за емотивниот живот: Еве зошто е слободна на 44 години!
Откри што бара од партнерот...
Пејачката Јелена Розга веќе извесно време е слободна, а нејзиниот последен избор за кој јавноста знаеше е наводно готвачот Иван Пажанин.
Јелена сепак истакнува дека е среќна а објаснила и зошто не може да ја најде својата сродна душа.
– Некогаш ќе претрпев нешто, но сега повеќе не… Едноставно, ако не се разбираме, подобро да не сме заедно. Сакам животот да ми биде убав, исполнет со песна. Ја работам работата што ја сакам најмногу на светот, музиката е најубавото нешто, се качувам на сцената и пеам два часа песни за кои луѓето апсолутно знаат од почеток до крај, тоа е убавина. Имам убав живот, не можам да кажам дека се чувствувам лошо, имам и добри и лоши денови, како и сите други, но навистина ми е убаво, признала пејачката во една емисија.
Инаку, неколку месеци по веста за нејзината романса со Иван, Јелена призна дека повторно е слободна.
-Соло сум, накратко го коментираше пејачката прашањето за емотивниот статус, а потоа откри какви карактерни особини треба да има нејзиниот идеален партнер.
-Лојалност, доверба и верба. Сакајте и почитувајте се себеси. Така ќе ги научи другите да ве сакаат и почитуваат. И тогаш можете да создадете свој свет во кој ќе бидете безбедни и недопирливи, истакна претходно Јелена.
Секогаш се враќа кај овој маж!
Имено нејзиниот љубовен живот често е предмет на коментари и шпекулации. Иако пејачката не дава премногу информации за нејзиниот емотивен статус, според поранешните шпекулации на хрватските медиуми, таа секогаш се враќа кај еден маж.
Откако во медиумите одекна веста дека ќерката на Тончи Хулиќ е во врска со 15-години постариот пејач Петар Грашо, многумина се сетија дека синот на Тончи кој неколку пати беше поврзан со хрватската sвезда Јелена Розга.
Љубовниот живот на Јелена Розга доживеа подеми и падови, а пред десет години во јавноста се шпекулираше дали човекот кој и го зароби срцето е Иван Хулиќ, синот на Тончи Хулиќ.
Според хрватскиот печат, Иван и Јелена се запознале во 1996 година, а емоциите меѓу нив траеле само во 2009 година, кога тој имал 21, а таа 32, пренесува „Јутарњи.хр“.
Иако двајцата тогаш ја негираа врската, според одредени медиуми, се шпекулираше дека Иван бил чест гостин во станот на Јелена.
После тоа, медиумите ја поврзуваа со други мажи, и иако таа никогаш јавно не зборуваше за нив, повторно почнаа шпекулациите дека ќе се врати кај синот на Тончи Хулиќ.
Исто така, во 2013 година се појавија заеднички фотографии на Јелена и Иван, но тоа не значеше дека овие гласини на хрватската јавност беа потврдени, судејќи според фактот дека пејачката никогаш не се огласи во јавноста за нејзината наводна врска со Хулиќ.
Меѓутоа, како што објавија и медиумите таа година, Розга на една телевизија изјави дека е во врска со помлад маж и дека за неа разликата во години не значи ништо што дополнително ги подгреа сомнежите дека се работи за Иван Хулиќ.