Дом и семејство

МОДЕРЕН ВИТЕЗ: Би го дал животот за Јелена и детето- познатиот актер откри што му е најважно во животот!

Шармантниот актер ја откри својата слабост

41 годишниот Иван Босиљчиќ, важи за еден од најшармантните и најзгодните актери во Србија.

 

Фото: Инстаграм/ Јелена Томашевиќ

 

Многумина го нарекуваат и модерен витез бидејќи оние кои добро го познаваат ќе го опишат како вистински заштитник на своето семејство.

Иван кој веќе неколку години е ангажиран во Русија и се занимава со руска кинематографија, има цврст машки поглед кон животот, тој е нежен и грижлив кон жените и полн со љубезност кон останатите.

 

Фото: Инстаграм/ Јелена Томашевиќ

 

Дека тој и неговата сопруга се заљубени како и првиот ден е јавна тајна. Имено Јелена Томашевиќ и Иван, не пропуштаат прилика за разменување нежности и важат за еден од најромантичните парови во регионот.

Двајцата зрачат со позитивна енергија, и често пати велат дека нивниот дом е преполн со љубов, почит и разбирање.

 

Фото: Инстаграм/ Јелена Томашевиќ

 

Животните вредности се трудат да и ги всадат на нивната наследничка Нина.

Во искрено интервју за Story.rs Иван  признава кој настан оставил силен белег во неговиот живот и открива на што се е подготвен за доброто на неговите најблиски.

Иван вели дека за него најважно во едно семејство е љубовта.

 

 

-Љубовта, особено кон најблиските се искажува со прегратки, лојалност.Јас сум подготвен и да се жртвуваам за нив. Општо кажано, ми се допаѓа нашиот машки менталитет. Тој е особено ценет во другите држави на пример, во Русија. Таму постојано ја истакнуваат нашата мажественост. Во современите обрасци, кога се споменува изразување на емоции, веднаш се мисли на машко-женските односи. Но, да не заборавиме дека вистинската емоционалност на една личност може да се забележи и во односот кон дете, родител, татковина …

 

Фото: Инстаграм/ Јелена Томашевиќ

 

Според мене вистински маж е оној кој е подготвен да даде сè од себе за своите блиски, па дури и живот ако е потребно, истакна Иван.

 

Фото: Инстаграм/ Јелена Томашевиќ

 

Актерот вели дека тој и неговата сопруга, пејачката Јелена Томашевиќ многу го негуваат својот брак, и секојдневно си повторуваат дека постои решение за се.

 

Фото: Инстаграм/ Јелена Томашевиќ

 

– Јас и Јелена постојано се потсетуваме, често на глас пред детето, дека ништо во животот не е фатално, затоа што има решение за сè. Тоа и го покажуваме на Нина со нашето однесување. Ние се обидуваме практично да ја приближиме нашата традиција и нашата вера, бидејќи без оглед во кое време е и каде и да е, знаејќи ја нејзината традиција, таа ќе може јасно да се позиционира во однос на светот. И познавајќи ја нејзината вера, таа никогаш нема да се чувствува сама.

 

 

Инаку пред неколку дена шармантниот актер ги воодушеви фановите со начинот на кој и го честиташе роденденот на својата сакана.

Имено тој напиша цитат со кој буквално ги освои жените.

 

 

„Среќен ти роденден, среќо. И знај дека веќе со години ги учам твоите црти, во кои деновите оставаат траги како мали огнови, а годините ги помнам по нивната блескава неповторливост, преку саѓите од леснотијата на твоите движења“. Во мое има за тебе уште одамна напиша Иван В. Лалиќ“ напиша Босиљчиќ.

 

фото Стори.рс

 

Неодамна и пејачката проговори за нејзиниот брак и воедно ја откри формулата за нивната среќа.

„Тајна за совршен брак не постои, постои само љубов и дали двете личности се сложуваат или не. Постојат кавги како и во секој брак, И нема тука кој прв ќе попушти тоа не е расправија за да се попушти, тоа оди се во рок службата“, вели Јелена.

 

 

Иако се смета дека уметниците се малку тешки, а за тоа како двајца уметници се снаоѓаат во бракот откри Томашевиќ.

„ Се зависи, нема тука правила ни меѓу нас пејачите ни меѓу актерите „ Сто луѓе, сто чуда“ – тоа е стара изрека која во овој случај се покажа како исправна“, вели Јелена.

 

Фото: Инстаграм/ Јелена Томашевиќ

 

Во продолжение погледнете уште неколку фотографии од овој романтичен пар и нивната ќерќичка…

 

фото Инстаграм/ Иван Босиљчиќ

 

фото Инстаграм/ Иван Босиљчиќ

 

фото Инстаграм/ Иван Босиљчиќ

 

фото Инстаграм/ Иван Босиљчиќ

 

фото Инстаграм/ Иван Босиљчиќ

 

фото Инстаграм/ Иван Босиљчиќ

 

фото Инстаграм/ Иван Босиљчиќ

 

фото Инстаграм/ Иван Босиљчиќ

 

фото Инстаграм/ Иван Босиљчиќ

 

фото Инстаграм/ Иван Босиљчиќ

 

фото Инстаграм/ Иван Босиљчиќ

 

фото Инстаграм/ Иван Босиљчиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close