Дом и семејство
Мира им даде неизмерна љубов и топол дом: Родени се со Даунов синдром, мајката ги напуштила татко им починал!
Драган и Далибор денес имаат единаесет години
Мира Комљен, од Бања Лука водена од мислата спаси едно дете, и си спасил цел свет, им го дала сето она што им недостасувало на близнаците Драган и Далибор.
Мира е мајка на три деца, кои исто како и неа се со големо срце.
Инаку близнаците кои се родени со Даунов Синдром останаа без родители, нивниот татко почина, а мајката ги напуштила.
Тие поминаа извесно време во дом за деца без родители. Но животот им се промени кога Мира Комљен им ја отвори вратата од својот дом и тие станаа семејство.
„Момчињата се со нас веќе пет години. Случајно, веќе поминав обука за згрижување, па Центарот за социјална работа ме запозна со нивниот случај и тие ми понудија да станам згрижувачки родител. Отпрвин бев воодушевена од идејата, но бидејќи претходно никогаш не сум сретнала луѓе со Даунов синдром, искрено почувствував и одреден страв.
Мира вели дека се водела од идејата да им помогне на дветe момчиња, па поради тоа решила да им подари неизмерна љубов и покрив над глава, и со тоа успеала да ги победи сите стравови.
Нејзините две ќерки многу и помагаат околу грижата за близнаците, и како што вели Мира да ги исполнат сите нивни желби.
„Секако не е лесно, но за мене фактот дека има деца на кои им недостасува дом и љубов, она што јас го имам во изобилство, ме охрабри да го направам овој чекор. Нивната благодарност и огромната љубов што ни ја даваат ми дава сила да работам околу нив максимално, вели Мира за Лола магазин.
Денес близнаците Далибор и Драган имаат единаесет години и функционираат исто како и останатите деца. Во работните денови, тие одат на училиште, по што одат во Сервисен центар „Дајте ни шанса нам ѕвездите“ каде што престојуваат со свои врсници. Во слободното време, тие сакаат да прават сè што сакаат и другите деца, одење во парк, одење во кино, одење на патувања.
И двајцата веќе започнаа да покажуваат афинитети кон одредена работа. Тие се навикнаа на училиштето, учат, пишуваат, го совладуваат материјалот. Момчињата се многу вредни и брзо апсорбираат сè што гледаат околу нив. Со нас, следејќи ги нашите секојдневни активности, тие научија да ги извршуваат сите домашни работи. На пример, Далибор е многу талентиран за масажа, вели Кристина ќерката на Мира.