Кафе муабет

ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА НОСИТЕ ВО ПАРИЧНИКОТ: Стар народен обичај поради кој ќе се наполните со пари!

Привлечете пари...

Нашите предци почитувале одредени обичаи кога станува збор за пари – и верувале дека тие носат финансиска стабилност и привлекуваат просперитет.

фото илустрација

Односот кон парите директно влијае на вашата финансиска состојба, во тоа верувале нашите предци на кои паричникот никогаш не им бил празен.

Така во купчето ја чувале првата банкнота што ја заработиле или парите што им ги дал некој што го сметале за добар човек. Оваа банкнота или монета се сметала за еден вид талисман на финансиска сигурност.

фото илустрација

Како да ја привлечете енергијата на парите

Веројатно затоа и денес се негува обичајот кога некому ќе подарите паричник тој да не биде празен. Многумина дури чувале хартиена банкнота со најмал апоен во скриена преграда на паричникот – мислеле дека тој што го прави тоа подобро управува со парите.

фото илустрација

Додека во модерното време се прават различни истражувања за тоа како газдите „дишат“ во текот на неделата, па се покажа дека четврток е идеален ден за барање покачување бидејќи претпоставените се поблаги тој ден затоа што психички се подготвуваат за претстојниот викенд, старите веруваа дека среда наутро е најдобро време за тоа.

Од друга страна, според верувањата, сите трансакции што ги правите навечер водат во пропаст, а пари не се позајмуваат во вторник. Освен пари, не е добро да позајмувате ниту леб, ниту сол, бидејќи се сметало дека финансиската сигурност ќе ви го напушти домот.

фото илустрација

Ако сакате пари во куќата на денот на исплата на плата не треба да подигнете ниту денар од вашата сметка. Целата плата треба да преноќи во вашиот дом, што би значело на вашата сметка во денешно време.

фото илустрација

Дури и нашите баби и дедовци мислеа дека ако ги исчистите трошките од масата со голи раце или свиркате во куќата, едноставно парите ќе ви го заобиколат домот.

Домаќинките ја закрпиле и најмалата дупка во џебот затоа што верувале дека парите толку лесно ви истекуваат од раце. За да имаат што повеќе пари во куќата, внимавале на ниту една кошула или капут да не им фали копче, а откако ќе ја изметеле куќата или дворот, ја спуштале метлата со рачката надолу.

Парите добиени со коцкање, пронајдените, оштетените банкноти или зарѓосани монети не носат среќа, па нашите предци не ги чувале во паричникот. Напротив, во првата прилика ги даваа на сиромасите или ќе ги потрошат што е можно поскоро.

фото илустрација

Старите една година ја чувале банкнотата од најголем апоен што ја имале во домот бидејќи мислеле дека ќе ја наполни енергијата на семејството и ќе почне да привлекува пари во домот.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close