Дом и семејство

“Мајката ќе те сака додека дише”- Тања напиша емотивна порака и предизвика бура од реакции!

Пејачката неколку месеци води борба со својот сопруг...

Повеќе од девет месеци познатата пејачка Тања Савиќ води битка со својот сопруг за децата, а таа во јавноста раскажа дека Душан Јованчевиќ, без нејзино знаење, ги однел нивните синови во Австралија, додека тој ги негира овие обвинувања, тврдејќи дека Тања била информирана за нивното заминување, и дека таа не сакала да ја напушти Србија.

 

Вчера пејачката на социјалните мрежи сподели емотивна порака која буквално расплака многумина.

На оваа порака на Тања ќе реагираат особено мајките кои сочувствуваат со нејзината болка.

 

– Уште кога си во утробата мајката ќе те засака. Ќе те сака додека дише. И некако сум сигурна дека секој има своја љубов кон тебе, но никој како мајка. Никогаш никој како мајка – рече пејачката.

 

„Ме расплака, жено“, „Само камен не би плачел“, „Не се предавај, Тања, бори се за децата и не грижи се, сè ќе биде во ред кога ќе ги прегрнеш децата“, беа коментарите под овој пост.

Фото: RAS SRBIJA

 

Пред извесно време се огласи и соседката на Тања Савиќ од Радинац и посочи дека пејачката сега е кај своето семејство.

 

– Тања е тука, со своето семејство, се разбира дека ја гледаме. Па, страшно е тоа што и се случува, нејзините родители се плашат, таа се однесува добро, но колку и да си силна, ужасни се овие ситуации што Душан и ги подготвува. Без децата станува сè потешко и нема излез. Вистина е дека таа ја смири топката со Душан за тој да и дозволи да разговара со децата, а потоа тој го искористи тоа, ја рашири приказната дека тие се смириле и настана хаос – изјави за „Стар“ едена од соседките на Савиќ од Радинац.

 

 – Не знам што ќе стори. Таа плачеше со денови, а тој и забрани повторно да разговара со децата. Колку што ми е познато, таа требаше да замине во Австралија за да реши се што е поврзано со деца со адвокат, но сега не може да оди поради кoроната, а и тие немаат толку пари за тоа патување. Таа сега не работи и, колку што знам, Душан ги зеде сите заштеди со себе.

 

– Тања постојано плаче, сонува да си игра со децата, никој не ја знае нејзината болка. Нејзините не го сакаат Душан, тие знаеја како се ќе излезе, и тој ја одзеде од нив и знаеше дека ќе може да прави што сака со неа, добро, сега тој има проблем затоа што тие се со неа, па затоа не може да влијае врз неа. Таа страдаше многу – додаде соседката.

 

– Ако можеше да ги врати децата, сè ќе беше многу полесно. Знам дека не ја оставаат сама, дека не е сама со своите мисли но и станува уште потешко затоа што не работи.

Пред извесно време и самата Тања потврди дека била долг период манипулирана од Душан, кој како што тврди сакал да ја оддели од нејзиното семејство.

 

– Бев со него 12 години и тој толку многу ме изманипулира, што за малку ќе се откажев од родителите и сестра ми. Далеку од тоа дека не сум свесен за тоа што правам. Живеев со него и бев толку посветенана на него, и тој успеа да ме изолира од сите. Зачекорувате толку длабоко во тие проблеми, не гледате, мислите дека така треба да биде, откри Тања.

 

 

 

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close