Кафе муабет
Мажите ја губат главата по нив, локалите се “тепаат” за нивни настапи а тие се распаѓаат- Ураганките открија во какви односи се сега!
Сега сме пријателки...
Ивана Николиќ, Ксенија Кнежевиќ и Сања Вучиќ неодамна ја информираа јавноста дека заедно ќе настапуваат до септември, а групата „Ураган“ ќе се распадне.
Новинарски екипи ги фатиле на белградскиот аеродром кога се враќале од настап. Тие пред камерите открија се за распадот на групата и плановите за летото, но и за иднината.
– Настапувавме три дена по ред, среќни сме што се вративме. Беше одлична атмосфера – започна Сања.
– Сега сме пријателки, кога решивме да се распднеме. Се шегуваме, се разбира, штотуку почнавте да го забележувате нашето дружење. Ќе има многу новитети, подготвуваме спотови – вели Ивана.
– Ни треба одмор, ова не е маркетиншки трик, можеби некогаш ќе има реунион, но ќе видиме. Сега се брзаме, мене ме чека мајка ми, а не дечкото – велат девојките од групата за емисијата „Премиер-викенд специјал“.
Продолжуваат со соло кариера…
Девојките од групата „Ураган“ изминатите години одлично се снајдоа, а побарувачката за нив е голема, особено по минатогодишното учество на „Евровизија“. Сепак, бурното темпо си го направи своето, па за неколку месеци ќе започнат нови поглавја во животот.
– Многу брзо по истекот на договорот, кој трае до септември годинава, Ксенија ќе се омажи за својот долгогодишен партнер Никола Тодоровиќ.
Венчавката била најавувана во неколку наврати, но таа сакала да ја направат кога веќе нема да биде членка на групата и така ќе има многу слободно време на располагање, истакнува изворот.
– Сања Вучиќ ќе се посвети на работата во студио. Во претходниот период работеше многу песни за други уметници како Теодора Џехверовиќ, Теа Таировиќ, МЦ Стојан, како и песни за групата „Ураган“, а во авторското творештво се гледа и во наредните години.
Ивана Николиќ, пак, започнува приватен бизнис за кој допрва ќе се зборува, додава изворот.
– Секоја од нив во групата заработуваше од 1.000 до 1.500 евра по настап, што е голема сума, особено ако се има предвид дека работеа нон-стоп, и по неколку настапи неделно.
Прошталната турнеја трае долго, а до крајот на годината секој ден им е исполнет со настапи. Сопствениците на локалите се „тепаат“ за преостанатите датуми, знаејќи дека ја привлекуваат публиката, истакна изворот.
– Беше исклучително голема чест да се работи со Сања, Ивана и Ксенија, кои докажаа дека се професионалци, и го оправдаа статусот на ѕвезди кои во меѓувреме го стекнаа исклучиво благодарение на нивниот труд, посветеност и талент. Нагласуваме дека и тие ја оправдаа довербата што им ја даде нашата продукција. Затоа уште еднаш повторуваме дека одлуката за раскинување на соработката е донесена со заеднички договор истакнаа од продукцијата со која работеа девојките и додадоа дека напорно работеле во последните години, и дека на сите им е потребен одмор.
– Секако дека ќе одлучат за натамошниот развој на нивните кариери согласно нивните планови и очекувања, а ние искрено им посакуваме уште поголем успех од оној што го постигнавме со заедничка работа. Поради сето ова, решивме турнејата да ја придружиме со неколку нови песни кои ќе ја одбележат и заокружат работата и успехот на групата Hurricane .