Кафе муабет
Луна Џогани објави фотографија и ја шокираше јавноста- повторно е бремена?!
Одговори на коментарите кажа дека не е бремена
Луна Џогани и нејзиниот сопруг Марко Миљковиќ постојано се во центарот на случувањата. Имено те се многу активни на социјалните мрежи и на својот Јутјуб канал каде постојано ги информираат обожавателите за новостите во нивниот дом.
Така овој пат таа блеснаа на последната фотографија која ја сподели а обожавателите веднаш почнаа да коментираат.
Неодамна за прв пат стана мајка, а сега многумина помислија дека е повторно бремена.
Се појавија коментари како „Луна Џогани во кој месец е? Гледам пак е бремена“; Не верувам дека би одела толку гола ако повторно е бремена, би внимавала „…
Џогани одговори на овие наводи и стави крај на сите шпекулации. Иако планира да има уште деца, овој пат не е бремена.
– Не, не, тоа не е точно. Секако дека ќе го прошириме семејството, но се во свое време – изјави Луна Џогани, која е во брак со Марко Миљковиќ.
Инаку само пет месеци по породувањето Луна и Марко соопштија убава вест а честитки добија од многумина.
Имено тие се преселија во новиот стан кој како што истакнаа делумно го платиле во готово, а дел на кредит.
Марко во една прилика откри и како се снаоѓа во улога на татко…
– Ќерка ми е супер, првите два месеци постојано се будеше. Бевме подготвени за тоа. По два месеци почна нормално да спие. Се си доаѓа на свое, Миа цело време се смее. Таа е многу позитивно и задоволно бебе- вели Марко и на крајот открива дека Луна и тој едвај чекаат уште деца:
– Планираме проширување на семејството. Сакам Луна да одмори од породувањето, но разликата меѓу децата да биде што е можно помала за да можат заедно да одат во градинка и да се дружат. Работиме на различни проекти, се трудиме. Размислуваме за се што е големо – заклучи Марко Миљковиќ за „Блиц“.
Инаку имотот кој го купија Луна и Марко има 80 метри квадратни, три соби и голема тераса.
На локацијата каде Луна и Марко го купија станот, цената за квадратен метар е околу 2.000 евра, па за станот платија околу 160.000 евра.
Станаа најплатените Јутјубери на српската сцена во 2021 година…
Парот слободно може да каже дека минатата година ги одбележа нивните животи.
Имено покрај тоа што парот ја доби ќерката Миа, тие се пофалија со својот голем успех. Имено за кратко време тие успеаа да станат најплатените Јутјубери на српската сцена и во 2021 година заработиле дури 50.000 евра од нивниот заеднички канал на YouTube.
Парот го отвори својот канал на почетокот на август 2020 година и досега има 51 милион прегледи на него, со што остави зад себе многу други инфлуенсери кои имаа канали на оваа платформа многу подолго од нив. За овој успех неодамна им честитаа бројни фанови, а добија и плакета од самиот Јутјуб за првите 100.000 следбеници.
Како што е познато, заработката од YouTube е во просек околу 800 до 1.000 евра за милион прегледи, па со едноставна пресметка се доаѓа до бројката од приближно 50.000 евра, кои ги заработија минатата година што автоматски ги рангираше на самиот врв по однос на заработката во овој регион.
Самиот Марко во изјава за Курир изјави дека заработува од оваа социјална мрежа.
– Заработувам колку и секоја друга работа. Колку понапорно работите, толку повеќе заработувате. Заработката на YouTube зависи од многу фактори – од прегледите, но и од возраста на оние кои ве гледаат. На пример, ако те гледа помлада популација, ќе заработиш помалку отколку ако те гледа постара популација, – рече Марко и објасни дека YouTube има свој алгоритам кој ги препознава карактеристиките на оние кои го гледаат каналот и дали тоа лице купува онлајн.
– Алгоритмот препознава се и врз основа на тоа ви дава помала или поголема плата, а платите за, на пример, милион прегледи се движат од 200 до 2.000 евра месечно. Тоа зависи и од месецот во годината. На пример, прегледите се плаќаат повеќе на крајот на годината отколку, на пример, во јануари или февруари. Покрај прегледите, луѓето заработуваат и преку спонзорства, а заработката од тоа може да се фиксира или регулира на друг начин, како што е веќе дефинирано во договорот – рече тогаш Марко.
– Гледам дека во Србија има луѓе кои добро заработуваат од тоа. Тоа се гледа на нивните канали и по тоа што купуваат, каде патуваат, што прават… – заврши Миљковиќ.