Кафе муабет

Луна Џогани конечно откри зошто Анабела не беше на нејзината венчавка!

Наводно мајката на Луна се скарала со зетот и тоа била причината за тоа што не се појавила на церемонијата...

Луна Џогани неодамна во емисијата „Ѕвездите на Гранд Специјал“ отворено проговори за тортурата низ која поминала по првата сезона на реалното шоу на Задруга, а потоа искрено зборуваше и за сегашниот живот со сопругот Марко и ќерката Миа.

Фото Инстаграм/Луна Џогани
фото инстаграм/Луна Џогани

Луна застана на „лудиот камен“ во кругот на најблиските а многумина коментираа дека на целата церемонија не присуствувала нејзината мајка Анабела Атијас, ниту родителите на Марко, а извесен период се шпекулираше дека мајката на Луна се скарала со зетот и тоа била причината за тоа што не се појавила на церемонијата.

Фото Принтскрин/Јутјуб
Фото Принтскрин/Јутјуб
Фото Принтскрин/Јутјуб
Фото Принтскрин/Јутјуб

– Тоа што мајка ми не се појави на свадбата не ме повреди, бидејќи тоа беше таков договор, апсолутно никој не беше поканет… Планот е да има голема свадба, за сите да дојдат, сонував да имам голема венчаница, да не бидам бремена на мојата свадба, да не бидам деветти месец и да не можам да одам… сигурно не ја планирав свадбата вака. Планирав сите и јас и Марко да бидаме таму, прославата да биде до 5 сабајле, да сменам три венчаници, сето тоа така го планирав, но ситуацијата беше поинаква – изјави Луна и додаде:

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Скитер тубе
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Скитер тубе
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Скитер тубе

-Кога ме запроси не беше планирана ниту короната, ниту бременоста, така се случи… Не сакав моето дете да биде вонбрачно. Сакав да се роди Миа, а јас и Марко да бидеме маж и жена, па сето тоа беше толку забрзано. Ми недостасуваа мајка ми, татко ми, сестрите, другарките, за се да биде комплетно, но ќе се случи… Сега планираме голема прослава за првиот роденден на Миа и ќе го надокнадиме тоа што тогаш не можевме – истакна Луна.

Фото Принтскрин/Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Скитер тубе

Пејачката и победничка во реалното шоу „Задруга 2“, Луна Џогани прозборе и за гласините дека поради новата соработка со Гранд ја раскинала старата, со Пинк телевизија, а Џогани објасни дека тоа не е вистина.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Скитер тубе
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Скитер тубе

– Не се расправам со никого. Скоро бев кај Сања Маринковиќ во „Магазин ин“, бев во „Амиџи Шоу“… Тоа што не сум во реалното шоу не значи дека сум се скарала со Пинк. Тоа веќе не е мој живот и нема потреба да се враќам – рече таа.

фото инстаграм/Луна Џогани
фото инстаграм/Луна Џогани
Фото Инстаграм/Луна Џогани

Луна која пред пет месеци се оствари во улогата на мајка во емисијата зборуваше за мајчинството и истакна дека Анабела и е од голема помош и дека таа е првата личност на која се јавува за секој проблем поврзан со бебето.

фото инстаграм/Луна Џогани
фото инстаграм/Луна Џогани
Фото Инстаграм/Луна Џогани

– Дваесет пати на ден и се јавувам на мајка ми. Сега го направи ова, сега го направи тоа, дали е тоа нормално? Таа навистина има нерви за мене и тоа многу ми значи. Тоа значи дека можам да и се јавам во секое време, бидејќи кој ќе може да ме советува подобро од неа – изјавила Луна.

Фото Инстаграм/Луна Џогани
Фото Инстаграм/Луна Џогани

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close