MAMA

И кога докторите кренаа раце од неа, таа на 46 години успеа да роди три деца по природен пат

Желбата на една мајка стана реалност на 46 години

Животна приказна која ќе ве инспирира!

ФОТО: Одри Тибериус / Принтскрин

Одри Тибериус(46) од  Јута и нејзиниот сопруг Тајлер Тибериус (41), станаа родители на 3 сина Скај, Ривр и Беј на 30ти Март, по долгогодишна борба со неплодност. Одри и Тајлер претходно имаат 4 сина Маркус (13), Џејмс(11), Кристијан(9) и Макс(7).

Одри останала бремена на 45 годишна возраст , 4 години откако нејзиниот доктор за плодност и соопштил дека нејзините шанси повторно да стане мајка со Ин витро оплодување се само 10 проценти, поради тоа што нејзините јајце клетки се премногу стари. Во интервјуто кое Одри Тибериус го имала за Today ,изјавила:

ФОТО: Одри Тибериус / Принтскрин

 

-Поминав низ три циклуси на ин витро оплодување, но сите беа неуспешни.

Мајката на седум деца смета дека докторите кои се специјалисти и работат со жените во овие процеси треба да се пообзирни спрема жените кои се борат со неплодност, зошто секоја нивна изјава кај жените предизвикува болка во срцето.

Одри објаснува дека нејзината баба , мајка на нејзиниот татко, имала деца на 40 години, така што и самата Одри се надевала дека истото ќе и се случи.

ФОТО: Одри Тибериус / Принтскрин

-Никогаш не сфатив дека повозрасните славни личности или замрзнуваат јајце клетки или користат клетки од донор, изјави Одри.

Таа својата тројка ја опишува како чудо, и тоа со добра причина бидејќи од страна на статистичарите и било кажано дека шансите на 45 годишна жена да има идентични тројка е една во 20 билиони.

Одри се сврте кон својата вера за да и помогне да остане позитивна за време на нејзината високо ризична бременост. На возраст од 45 години , шансите да дојде до спонтан абортус се 80 проценти според клиниката Мајо.

ФОТО: Тројката Тиберус / Принтскрин

-Само се молев моите бебиња да се добро и да се породам во предвидениот термин, рече таа.

Бебињата на Одри се стари пет месеци и таа поминува цели 7 часа на ден во испумпување на мајчино млеко.Во потрага е по донори на млеко за да може да поминува малку повеќе време со своето семејство. Одри е пресреќна што има 7 сина.

-Бројката седум секогаш ми беше на ум, но никогаш не ни помислив дека навистина ќе се случи поради мојата возраст, рече Одри.

 

ФОТО: Бебињата Тибериус / Принтскрин

 

ФОТО: Семејство Тиберус / Принтскрин

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close