Кафе муабет

ИСКРЕНА ИСПОВЕД НА ДАРКО ЛАЗИЌ- Лудував, се дрог*ирав, но тоа е мое минато, денеска поради здравјето морав да се откажам од се!

Никогаш не бил олку искрен...

Популарниот пејач Дарко Лазиќ си ја отвори душата и проговори за своите грешки, за жените, но и за алкохолот и дро-гата кои извесно време со задоволство ги конзумирал.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Лазиќ призна дека порано лудувал и дека почувствувал што е животот и што значи да се живее брзо.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Имав 17 години кога стапнав на сцената, бев дете. Тоа беше многу убаво искуство за мене. Дури по „Ѕвездите на Гранд“ почнав да се искачувам и многу сум им благодарен на куќата „Гранд“, Саша Поповиќ, Жика Јакшиќ и Брена, без нив немаше да бидам таму каде што сум. Набрзо сфатив што е живот и што значи да се живее брзо. Многу полудев и не се срамам да признаам – изјави Лазиќ, која зборуваше и за искуството со проститутките, употребата на дро-га, лудиот живот.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Еве, не познавам човек кој барем еднаш во животот не платил девојка за да биде со неа. Секој маж го пробал тоа некаде каде што е дозволено. Но, јас не сум тип што го сака тоа, но сакав да го пробам. Кога бевме помали бевме некаде, ми се чини Германија, па отидовме во бордел да видиме што е. Секој маж сака да осознава нови работи, па зошто јас да не. Јас сум еден од ретките кои го признаа тоа. Еве, што да кажам, впечатоците се добри, но не ме привлече толку многу за често да им се навраќам, а имав можности – рече Лазиќ и призна дека сакал да проба се, дури и дро-га, која ја користел некое време.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Ја направив мојата грешка, сакав се да пробам. Но, од друга страна, тоа е мојот живот и не сум загрозил никого, освен себеси. Видов дека тоа не е за мене. Па човече, што сега, 21 век е, не знам кој не го прави тоа денес, ама сите се залепија за мене. Тоа е моето грдо минато, сите го имаат, не сакам да зборувам за тие работи и не сакам да се навраќам на она што беше, тоа беше лошо за мене. Денеска не можам да пијам поради моето здравје или да користам наркотици како што можев порано. Заради моето тело веќе не можам ни да размислувам за нив, а камоли да ги консумирам – рекол Дарко.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Лазиќ зад себе има еден брак и една вонбрачна заедница, а наскоро по трет пат ќе „влезе“ во брачниот живот.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

-Еден пат не чини, втор пат не функционира, трет пат не функционира… Не може цел живот да бараш вина кај другите, малку се чудам, си реков па чекај друже, па не те бива, мора да се смириш и да се спуштиш на земја – изјави Лазиќ за „Република“ и додаде:

фото Инстаграм/Дарко Лазиќ

– Барбара е многу позитивна и по тоа сме многу слични, ја имаме таа луда енергија, сакаме исти работи, шеги, филмови. Јас сум многу сличен со неа отколку со било која досега. Ние живееме заедно осум, девет месеци, како да сме во брак. Сè ни одговара, топ, како десет години да сме заедно. Планираме свадба, не сме одлучиле кој датум, пред лето, после, рана есен …

фото инстаграм/Дарко Лазиќ
фото Инстаграм/Дарко Лазиќ
фото инстаграм/Дарко Лазиќ
фото инстаграм/Дарко Лазиќ
фото Инстаграм/Дарко Лазиќ
фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close