Кафе муабет
Искешира 250.000 евра за овој луксузен стан- Теодора го оствари својот сон!
Станот има околу 100 квадрати, две спални соби, две купатила и пространа тераса...
Пејачката и поранешна реалити ѕвезда, Теодора Џехверовиќ неодамна купила луксузен имот во елитната белградска населба, за кој добро го одврзала ќесето.. Според локалните медиуми, пејачката за својот прв стан искеширала 250.000 евра.
– Станува збор за луксузен недвижен имот кој таа го купила за 250.000 евра во една елитна белградска населба. Станот има околу 100 квадрати, две спални соби, две купатила и пространа тераса. Таа во последните неколку дена напорно работи на опремување на станот и едвај чека нејзиното момче Нино да се врати од Бразил за да уживаат заедно – рекол изворот.
Теодора долго време штеди пари, а дури неодамна го најде идеалниот стан за себе.
– Откако почна да се занимава со музика, целта на Теодора е да стане една од најпопуларните млади пејачки, но и да заработи доволно пари за да купи стан. Затоа напорно работеше на кариерата и вложи многу пари во песни и спотови бидејќи веруваше дека се ќе и се врати – вели извор близок на пејачката додавајќи дека таа имала намера да купи стан минатата година, но дека пандемијата и ги наруши плановите.
– Џехваровиќ во последните две години стана најбараната и најплатената млада ѕвезда на домашната естрада. Теодора во годините пред пандемијата имаше само неколку слободни денови во месецот, а дел од заработените пари од настапот ги вложи во нови песни и спотови, а дел остави на страна. Кога почна короната, кризата која ги зафати зпејачите не ја заобиколи Теодора, која како и другите колеги мораше да троши пари од заштедата- вели изворот за „Ало“.
Ситуацијата дури неодамна се стабилизираше кога се во прашање настапите, а Теодора по олабавување на мерките почна да работи со полна пареа.
– Здраво пријатели, се надевам дека сте добро. Знаете дека јас сум некој кој секогаш со вас споделувам и убави и лоши моменти. Мојот живот е полн со подеми и падови. Оние кои се верни фанови и кои го знаат секое мое интервју, ќе знаат и дека во последните неколку години мојата голема желба беше да си купам стан и на тој начин да си обезбедам покрив над главата. За жал, поради пандемијата што нè снајде, сето тоа мораше да се помести, што многу ме растажи, бидејќи знаев колку тоа ќе му значи на моето семејство, а потоа секако и на мене. Еден ден си реков: „Еј, имаш само 23 години (тогаш), полека, сè ќе дојде на свое еден ден. Работи напорно, знам дека заслужуваш да го имаш тој стан. Ќе го имаш еден ден, само полека“. И драги луѓе, дојде денот да споделам со вас дека конечно го имам тој стан! Конечно на врата ќе ми биде напишано презимето „Џехверовиќ“ – напишала Теодора во објавата, а потоа додала:
– Со ова сакам некој што чита и мисли дека животот е ср*ање дека нешто е невозможно и дека нешто не може: Сакам да знаеш дека тоа не е сон и дека е можно и дека можеш! Верувај ми, знам дека мојот живот некому изгледа совршен, но ова некогаш беше навистина невозможно, но никогаш не престанав да верувам дека ќе стекнам сè со свои раце, дека дојдов на овој свет за да успеам. И успеав, мојот сон стана реалност, а живеејќи го мојот сон, остварив уште една желба и сега конечно имам КРОВ НАД ГЛАВА – напиша меѓу другото пејачката.