Кафе муабет

За помалку од 3000 денари купила венчаница од соништата од продавница за second hand облека- нема да верувате какви вредни работи се купени од ова место!

Невестата била презадоволна со венчаница од само 40 долари...

Многумина ги избегнуваат продавниците каде се продава веќе носена облека, без да знаат дека понекогаш може да се најдат вредни парчиња, брендирана облека и тоа по многу пониска цена од очекуваното.

Така на пример во текстот подоле ќе бидете сведоци на девојка која дури и венчалниот фустан го купила од ваков тип на продавница и тоа за само 40 долари.

Иако многу невести би потрошиле  дури и илјадници евра за нивниот посебен ден, таа била сосема задоволна со својот избор.

Дека не е се во цената покажуваат и следните неколку примери кои ги објави Bright Side портал, кој реши да собере неколку слики од овие корисници чија бескрајна среќа им дозволи да набават многу вредни предмети по смешно ниска цена од second hand продавница.

1. „Денес во продавницата најдов украс од Ројал Алберт 2002 година за 1,29 долари и тањир Limoges Marie Antoinette за 3,50 долари“.

2. „Стар сребрен прстен со стаклен камен кој вреди многу а јас го купив за 1,50 долари“.

3. „54 центи – еден од моите најдобри пронајдоци досега! Ова се вистински бисерни обетки. ”


4. „Оваа помошна маса ја купив за само 10 долари и тоа на неа има вграден држач за списанија“, навистина е неверојатно.

5. „Уфф чизми, скоро нови и моја големина! Во добротворната организација, тие чинеле само 4,99 долари “, пишува друга задоволна клиентка.


6. „Кошница за пикник, која чинеше само 6 долари“.

7. И додека многу девојки на мои години би потрошиле многу повеќе пари за да изгледаат луксузно на матурската забава, јас за само „7 долари го пронајдов матурскиот фустан од моите соништа“сведочи друга клиентка.


8. И да, можеби најчудно од се е венчаницата со која се пофали оваа девојка. Додека речиси сите невести трагаат по невообичаени фустани во кои би изгледале како од бајките, оваа девојка е пресреќна што венчаницата од своите соништа ја пронашла токму во продавница second hand, и тоа за само 40 долари.

„Купив венчаница, како скроена за мене за 40 долари“ сведочи таа.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close