Кафе муабет

Емина прв пат јавно прозборе по разводот: Конечно ја запознав слободата- ова е мојата зрела фаза!

Вели дека сега се спознава себеси...

Разводот на Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал се уште ја интригира јавноста, а музичката дива конечно откри до каде стигнал судскиот спор .

фото Инстаграм/Емина Јаховиќ

Во интервју за Стори Емина Јаховиќ откри како влијаат сите написи и чаршиските приказни, и откри се за нејзината комплицирана семејна ситуација.

фото инстаграм/Еммина Јаховиќ

Емина Јаховиќ (40) е позната по својата насмевка која не исчезнува од нејзиното лице дури и кога минува низ најбурните животни бури.

фото инстаграм/Еммина Јаховиќ

Сопственичката на бренд за убавина и пејачка неодамна беше на годишен одмор каде помина неколку безгрижни денови во одморалиштето Портонови, исполнети со смеа и многу забава, што и помогнало барем на кратко да заборави на животните проблеми.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

Таа искрено за Стори.рс раскажа  за сите турбуленции од разводот до сега, кои трајно ја променија и ја направија посилна од порано. Што, на крајот на краиштата, ја обликуваше да биде најдобрата верзија од себе денес: да се биде добар човек е императив кон кој Емина се стреми секој ден.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

– Ова е мојата зрела фаза, искрено. Фаза на враќање кон себе, длабоко анализирање на сите односи. Семејни и пријателски. Научив многу – секој ден се трудам да бидам подобра личност, да им служам на луѓето, помагам, но исклучиво и само на оние кои ги чувствувам интуитивно и со моето срце. И моето срце никогаш не ме измамило. Фокусирана сум на градење внатрешен мир и стабилност без никакви очекувања од другите луѓе. А кога човек ќе се ослободи од очекувањата, доаѓа и среќата и задоволството. Зајакнав низ бурите, кои на моменти можеа да ме срушат, иако однадвор никогаш не изгледаше така. Сега кога разговарам со вас, можам да ви кажам дека сум горда на себе и тоа е мојата најголема победа. Едвај чекам да им овозможам на луѓето пристап до моите нови песни и целосно гола искреност, можеби за прв пат во мојот живот.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

Вели дека децата секојдневно читаат и се запознаени со се што се пласира во медиумите за нивните родители…

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

– За жал, не можам да ги заштитам. Тие се големи, читаат наслови и ги следат социјалните мрежи. Сè што треба да направиме е да знаеме кои сме во суштина, да знаат кој сум јас – се друго е неважно.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

За спорот со Мустафа истакна дека продолжува и понатаму.

Фото Инстаграм/Емина Јаховиќ

– Продолжува и ќе продолжи… Во мојот случај се работи само за принципот што мора да се почитува и за одговорноста што мора да се преземе. Адвокатите си ја вршат работата, јас не се мешам.

фото инстаграм/ Емина Јаховиќ

Дали конечно турските медиуми станаа пообјективни во оваа работа?

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

– За жал, не. Скоро сите написи во весниците се секогаш на страната на мојот поранешен сопруг, случајно или намерно. Но, одамна престанав да се грижам. Едноставно веќе не ме погодува.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

Од оваа гледна точка, дали мислите дека сте им дале премногу од себе на некои луѓе.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

– Секогаш давам несебично и се што давам, добро се враќа, на овој или оној начин. Никогаш не сум навредила никого свесно, но сфатив дека треба да бидам опкружена со оние кои во секоја смисла ме заслужуваат, нема потреба да го истурам животот од празно на празно. Не го трошам времето живеејќи туѓи животи, не осудувам и ги сакам луѓето.

Фото Инстаграм/Емина Јаховиќ

– Неодамна ја запознав слободата и морам да признаам дека е бесценета. Долго време мислев дека во врските љубомората и забраните се доказ за љубов. Сега разбирам дека може вистински да те сака само некој кој ќе ти дозволи да леташ слободно, да се извишуваш и да уживаш гледајќи те во сета своја слава, а ти секогаш му се враќаш уште позаљубена.

фото инстаграм/ Емина Јаховиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close