Кафе муабет

ЕВЕ НА КОЈА ПЕСНА МЛАДЕНЦИТЕ ГО ОДИГРАА СВОЈОТ ПРВ ТАНЦ: Сузана не можеше да ги сокрие солзите од среќа!

Цела естрада беше на свадбата...

Синот на Сузана Јовановиќ од првиот брак Данијел вчера се заколна на вечна љубов на својата долгогодишна девојка Тијана.

фото инстаграм/Сузана Јовановиќ

Невестата блескаше во луксузна венчаница со кристали, а Даниел не ја симна насмевката од неговото лице.

фото нови.ба

Свечената сала беше полна со светилки и украси во сребрена боја, а за време на првиот танц на младенците беше пуштена вештачка магла.

фото нови.ба

Парот за својот прв танц ја одбра песната од Мишо Ковач „Ostala si uvjek ista“.

Тие двајца направија гламурозна венчавка во престижен белградски ресторан, а меѓу најсреќните беа родителите на младенците.

Гостите ги пречекуваше Сузана, но и Саша Поповиќ, кој го прифати Даниел за свој син.

фото нстаграм/Сузана Јовановиќ

Даниел ја запознал сегашната сопруга на работа, а љубовта веднаш се родила.

Шармантната девојка по професија е шминкер и разубавува многу телевизиски личности, но и актери.

фото инстаграм/Сузана Јовановиќ

Од друга страна, Даниел работи во „Гранд“, продукција како тонец.

Пејачката еднаш изјави дека е многу задоволна од изборот на својот син.

Фото: Инстаграм/ Александра Поповиќ

Да потсетиме, поранешниот сопственик на „Гранд“ и пејачката претходно истакнаа дека ќе соберат половина од естрадата на свадбата на Даниел, па така на гала прославата имаше повеќе од 300 гости, меѓу кои беа и најпопуларните пејачи.

Фото: Инстаграм/ Александра Поповиќ

Поради тоа што речиси сите пејачи биле зафатени за време на викендот семејствата решиле да направат забава во четврток.

Фото: Инстаграм/ Александра Поповиќ

Семејството Поповиќ го избрало најскапото мени, од 85 евра по човек, каде ќе има богата услуга. На гостите ќе им бидат послужени повеќе од 20 видови сирење, пршута, домашни производи, неколку видови месо, печени производи, морски плодови, прилагодена исхрана (веганска и вегетаријанска), како и најскапите вина и жестоки пијалоци.

Фото: Инстаграм/ Александра Поповиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Поповиќ

Сузана неодамна во разговор со новинарите откри каков однос има со снаата Тијана и каков совет и дала:

Фото: Инстаграм/ Александра Поповиќ

-Таа е толку едноставна девојка што со неа никогаш немаше никаков проблем. Кога некој е скромен, едноставен и нормален, тогаш ништо не е тешко. Таа е многу вредна и внимателна, на почетокот и давав само совети во врска со Даниел, како да го направи тоа или не, но сето тоа се мали нешта. Како и секоја мајка, за доброто на децата и нивната среќа, затоа што ние сме најсреќни кога децата се среќни и кога добро се сложуваат.

Фото: Инстаграм/ Александра Поповиќ

 

– Им реков да поработат на тоа прашање (за дете), но тие млади имаат само некои обврски и чекаат да ги завршат. Им кажав дека додека кројат планови, тој горе им се смее. Им реков правете дете додека јас и Сале сме помлади да ви помогнеме а потоа што сака нека биде- заклучила пејачката.

Фото: Инстаграм/ Александра Поповиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close