Новости
Еве како Тоше уживаше со семејството – фотографија што се појави дури по неговата cмpт
Денес е најтешкиот ден за мајката на Тоше Проески
На денешен ден, на 25.01.2021 година, човекот со ангелски глас, пејачот кој го слушаа сите генерации, нашата гордост, уметникот кој докажа дека музиката нема граници, но и дека хуманоста треба да биде задолжителна особина кај сите, Тоше Проески, ќе наполнеше 40 години.
Животот го загуби на кобниот 16 октомври 2007 година во страшната сообpaќајка кај Нова Градишка, Хрватска. Денот кога плачеше целиот регион. Возачот на неговиот „фолсваген туарег“, Ѓорѓи Ѓеоргиевски удри во камион со италијански регистерски таблички, а потоа во заштитна ограда. Згасна млад живот, живот полн со надеж, а зад себе остави многу љубов, песни кои засекогаш ќе се слушаат, сеќавања на неговите извонредни концерти и неговиот неверојатен глас.
И овој 25 јануари ќе биде во знакот на многупати повторуваната реченица: „Тоше има само ден на раѓање”.
Роден e во Прилеп во 1981 година.
Музичката кариера ја започнал со настапот на прилепскиот фестивал Мелфест во 1997, победувајќи со песната Yesterday од Битлси. Патот кон ѕвездите му го отвораат песните Пушти ме (1997) и Остани до крај (1998). Имал блиска соработка со Џеф Бек, Григор Копров, Жељко Јоксимовиќ, Леонтина Вукомановиќ, Марина Туцаковиќ, Бора Ѓорѓевиќ, Миро Буљан, Антонија Шола, Тони Цетински, Ања Рупел и голем број на други влијателни балкански и светски музичари и композитори.
Се смета дека подемот во неговата кариера започнал по изведбата на песната ,,Твоите бакнежи на моите бели кошули“ на Скопскиот фестивал во 1999 година. Во меѓувреме Тоше стана дел од продуцентската куќа ,,Авалон“, кадешто остана се до истекувањето на неговиот договор во април 2002.
Во 2004 година беше прогласен за Амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ. Негов заштитен знак беше познатиот израз – Ве сакам сите.
Негова најголема поддршка како што велеше, било неговото семејство.
Славен Ристевски, сопругот на неговата сестра, во интервју за Новости.рс раскажа како и ден денес изгледа собата на Тоше, 14 години по неговата cмpт.
„Не постојат зборови со кои може да се опишат емоциите во нашето семејство. Тоа е бескрајна тага која ќе остане засекогаш. Не е точно дека времето ја ублажува болката. Човекот само учи да живее со тагата и грдата вистина. Но, некогаш денот е долг како година.
Неговата соба остана целосно иста. Тука се сите фотографии, неговата облека, играчките“, открил тој за Новости.
Тој вели дека сите се сеќаваат на убавите моменти со пејачот.
„Секогаш се сеќаваме на заеднички моменти со Тоше. Заедно трениравме кик бокс, со децата шетавме низ Крушево, возевме велосипед. Често се децата ги разгледувам старите видеа и фотографии и се враќаме во време кога Тоше беше со нас“ вели зетот на Тоше.
Врежано во нашата глава остана последното интервју на Тоше во емисијата „Вртелешка“ , една ноќ пред да загине. Изгледаше како да знаеше дека тоа се последните моменти. Изморен од премногу работа, со желба за мир и спокој.
Неговиот телохранител, Ицо Панајотовиќ во интервју за магазин Плус кажа дека секоја нивна средба ја памети до детали. Многу работи од животот на Тоше ги знае токму тој.
– Секогаш кога можеше одеше кај родителите во Крушево. Се случуваше веднаш после концерт да продолжиме таму. Толку ги сакаше и сакаше секое слободно време да го помине таму. Не можам да верувам дека повеќе го нема. Го немам тоа чувство. Постојано се присетувам на некои наши заеднички моменти, ми се чини како се уште да е со мене. Неговите родители ги возев на Евровизија. Тој отпатува со авион, а мене ме замоли да се погрижам за нив и безбедно да ги однесам со Истанбул. Многу пати го возев и него. Овој дечкото Ѓоле, кој го возел автомобилот кога дошло до несреќата, не беше со него со години, како што се зборува. Тој работеше за Тоше последните шест-седум месеци, вели Ицо за Пулс и продолжува:
– Беше голема ѕвезда, а тоа за жал многумина го сфатија дури после неговата cмpт. Беше прекрасно момче. Мислам дека никогаш нема да запознаам похуман човек од него. Се сеќавам на тие автограми кои ги даваше и на оние луѓе кои доаѓаа во хотел само за да го гледаат. Често пати не можевме да го одбраниме. А Тоше единствено се плашеше од магии. Многу подароци му паѓаа на бина. Многу добиваше и после концертите или кога ќе го сретнеа на улица. Тука имаше и крвави шамивчиња, па се плашеше да не е некоја магија. Секое шамивче моравме ние да го земеме, а секогаш кога сакаше да се напие сок моравме пред него да го пробаме. Не зборувавме многу. Тоа беа само сигнали со очи со кои му укажувавме дали смее или не смее нешто да земе, кажа Панајотовиќ.
По сообpaќајката во која во автомобилот на Тоше беше и неговата менаџерка, Лилјана Петровиќ, но помина со лесни повреди, таа сосема се повлече од јавниот живот. Се пресели во Србија, и одбиваше да дава изјави за медиумите.
Единствено познато за неа беше тоа што започнала да одгледува лаванда, и ставила крај на кариерата како менаџер.
По неговата cмpт таа беше и мета на напади од страна на медиумите и јавноста, а најмногу нза начинот на кој ја водела неговата кариера.
-Сметам дека не правев ништо погрешно. Да, кога би ги вратила стрелките на часовникот нананзад, не би сменила ништо во врска со неговата кариера. Уверена сум дека, ако не се случеше несреќата, Тоше денес ќе имаше светска кариера – изјави Пертовиќ за „Фокус“.
Таа се грижеше за неговата кариера долги години. Четириесет дена по неговата cмpт, во 2007 година, јавно и порача на јавноста дека секогаш ќе ја сака Македонија, и како треба да го почитуваме она што го имаме.
„Многу ви забележувам на сите, особено на медиумите кои се главни кај народот. Затоа што не знаевте колку е голем Тоше. Затоа што требаше да го изгубите, па тогаш да сфатите колку вреди. Затоа што никогаш никој не го слушна мојот повик дека е толку вреден. Тоа беше потполно неважно“, изјави тогаш Лилјана Петровиќ.
Освен што беше успешен во својата криера, мора да се признае дека беше и голем заводник. Медиумите постојано го поврзуваа со најзгодните девојки, а и ден денес деталите за неговиот живот не престануваат да ја интригираат јавноста.
Врската со манекенката Благица Бети Митова траеше до почетокот на 2002 година. На неговиот настап на Евровизија во 2004 година повторно се смирија, па повторно раскинаа, а врската целосно ја завршија во 2006 година.
Сепак, пријатели на Тоше велат дека тие двајца биле во контакт и дека тој ѝ испраќал билети за неговите концерти.
Неговиот телохранител Панајотовиќ исто така изјави дека постои една девојка која Тоше најмногу ја сакал, која и ден-денес оди на неговиот гpoб, на која ѝ посветил најмногу песни, со која секаде одел и сите ја знаече, а сите во неа ја препознале Благица, девојката од Неготино.
Но, таа никогаш јавно не зборуваше за односот со него.
-Знам дека јавноста сака да знае детали за мојата љубов со Тоше, но ниеднаш досега не сум дала интервју и не сум открила детали од нашата приватност. Тоа така ќе остане засекогаш- рекла Благица во едно интервју во 2014 година.
Сепак, ракометарката Адријана Будимир беше последната девојка на Тоше за која знаеше јавноста.
И во последното интервју во емисијата „Вртелешка“ Тоше зборуваше и за Будимир, за која не сакаше директно да каже дека се во врска и тврдеше дека се пријатели.
-Сега за сега единствено така. Никогаш не гарантирам што ќе се случи понатаму. Времето носи се…
Нема потреба, нема зошто би криел. Тоа е наједноставната работа која што треба да се знае. Но со оглед на тоа што понекогаш не сум сигурен со работите што се одвиваат во меѓувреме, никогаш не сакам да ги проширам работите, пред да ги испитам и да ги опипам јас самиот.
Значи затоа викам, сега за сега нема ништо..
И се додека не дојде моментот кога ќе треба да се случи нешто, и ако треба да се случи, ќе биде така
А, ако се случи, ќе бидете благовремено известени“, изјави Тоше на самиот крај од своето последно интервју.
Сонуваше за оперски арии, светски хитови, полни концерти. За освојување на светот. Ги направи само првите чекори, но и со тоа беше среќен.
На нас ни остануваат многу песни кои ни ги остави и поради кои засекогаш ќе го паметиме.
Вечна слава!