Нега и здравје

Еве како да го намалите високиот крвен притисок- совети од доктор Солаковиќ кои сите треба да ги знаеме!

Секогаш мерете го притисокот во исто време. Ова е единствениот начин да се знае дали имате хипертензија или не...

За време на гостувањето во една емисија, д-р Емир Солаковиќ даде одлични совети за тоа како да се намали високиот крвен притисок, а од друга страна, што да прават за луѓето кои имаат проблеми со низок притисок.

„Ако имате здравствен проблем, тоа е ваша вина. Лекарите не можат да ве излечат ако вие на време не се погрижите за себе.

Ако имате висок притисок, треба да бидете информирани што значи тоа. Ако имате горен крвен притисок од 140 и долниот крвен притисок е 90, имате хипертензија. Сè друго над ова станува се полошо и полошо …


Ќе се изнервирате за нешто, ви се качува крвниот притисок, одите на лекар и тој ќе ви даде лекови, а потоа сте на лекови цел живот. Но, вие мора да бидете свој лекар.

Направете табела, измерете го притисокот наутро и навечер. И така, ја чувате табелата дваесет дена. Секогаш мерете го притисокот во исто време. Ова е единствениот начин да се знае дали имате хипертензија или не.

Можеби еднаш сте се чувствувале лошо, се изнервиравте за нешто, па ви се покачи крвниот притисок. Потоа одите на лекар и тој ви дава лекови. И сето тоа непотребно.

Не посетувајте лекар, измерете го притисокот сами и грижете се за себе. Ова воопшто не е комплицирано. Не дозволувајте крвниот притисок да се искачи на 200.

Оние кои имаат висок крвен притисок треба да консумираат што повеќе овошје и зеленчук што содржат калиум. Користете калиум и во таблети. Калиумот ќе го намали крвниот притисок од 140 на 130 и тоа е голема работа.

– Кога пиете кафе, јадете коцка црно чоколадо. И морската риба го намалува притисокот. И јас така живеам! Притисокот бара движење. Ако сакате да го намалите крвниот притисок, пешачете и не смеете да бидете дебели.

Од друга страна, нискиот крвен притисок го бара ова: пијте многу течности. Ако седите многу, не мрдате, не пиете вода, притисокот ќе се намали. Јас не сум за лекови. Обидете се да направите нешто за да го зголемите притисокот или да го намалите, без лекови.

Ниту еден доктор не може да ви помогне ако не си помогнете себе си. Кој може да ве познава подобро од вас? “

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close