Бебе
Еве зошто мажот клечи пред саканата кога сака да ја запроси
Иако се смета за „модерен", но стар обичај, овој романтичен гест не е навистина толку стара историска пракса
Според традицијата, мажот треба да клекне на едно колено во моментот кога ја прашува својата сакана дали сака да се омажи за него, но дали знаете од каде потекнува овој обичај?
Иако се смета за „модерен”, но стар обичај, овој романтичен гест не е навистина толку стара историска пракса, туку се појавил некаде пред крајот на средниот век и тоа најпрво меѓу побогатото население. Тогаш браковите честопати биле однапред договорени, без присуство на идните младенци, така што немало потреба за запросување, и ако биле присутни мажот или жената за време на договорот, тие обично седеле или стоеле безгласно и воопшто не се мешале.
Меѓутоа, во случаите кога немало такво мешање во нечиј туѓ љубовен живот, мажите понекогаш со години им се додворувале на жените во кои биле вљубени. Тие ги освојувале на различни начини, ги посветиле своите херојски дела, пишувале песни за нив …Тие за избраничките на своето срце сметале дека се супериорни, па затоа и честопати ќе клекнеле на своите колена пред нив.
Ваквиот чин на клечење тогаш генерално симболизирало понизност и подреденост, а во љубовен контекст, мажите со клекнување ќе го изразеле своето почитување и целосно предавање на жената што ја сакаат. Физичкиот контакт честопати бил невозможен, така што ќе поминеле месеци и месеци, а не ретко дури и години пред првото држење за рака, а камоли да се бакнат, така што клечењето на колената понекогаш била единствената физичка демонстрација на лојалноста и љубов кон саканата.
Според сите историски извори, клечењето кога мажот ја запросува својата идна сопруга за прв пат било забележано на почетокот на 19 век.