Кафе муабет
Добрила прозборе за смр.ттa на синот: “Крена раце од себе си, не сакаше да се лечи”
Таа неодамна го прослави својот роденден...
Пред четири години јавноста ја засака Добрила Ивановска Чабриќ од Дојран како натпреварувачка во регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“ за на крајот да ја однесе и победата.
Добрила со нејзиниот настап ги освои сите и за целото време беше една од главните фаворитки. Како и претходните сезони и оваа имаше три победници.
Стручното жири го прогласи Ромео Николиќ за победник, Неврес Хаџиќ беше прогласен од страна на публиката, додека 90-годишната Македонка Добрила беше прогласена за победничка според гласовите од Фејсбук.
Добрила Ивановска Чабриќ, неодамна го прослави 95-от роденден и ја промовираше својата нова книга.
Многумина за неа велат дека е жена змеј и дека им е мотивација, а тоа важи и за многу нејзини колешки пејачки.
Таа на свои 95 години ја претстави својата автобиографска книга под името „На патот кон стотка’ и тоа на несекојдневна промоција организирана во Белград.
„Мене годините не ми пречат, јас не ги гледам и не ги чувствувам, единствено што имав незгода со автомобилот, што се малку ‘тумбав“, па сега ме мачи левата нога, но и тоа ќе го решам. Психички и здравствено се чувствувам супер, 97 отсто од мојата генерација умира, а јас останав жива. Ете, едноставно Господ ме сака, но ѓаволите не ме даваат“, раскажува искрено Добрила на прославата на својот роденден и на промоцијата на која ги собра своите најдраги пријатели и соработници со кои веќе долго време соработува.
Пред неколку години Добрила во интервју за српската телевизија „Гранд“ проговори и за смр.тта на нејзиниот син.
„ Ако јас мојот син не успеав да го убедам дека животот е убав и дека треба јас да сум му пример, јас немам право да заминам по него. Тој крена раце од себе си, од животот, тој не сакаше да се лечи. Замина прерано и велам дека немам право да заминам по него затоа што мене тој пат секако ме чека“, истакна Добрила за српската телевизија „Гранд“.
„Пресреќна сум што имам поколение од својот син, што мојата крв оди понатаму. Затоа, имам сила да живеам, сакам да живеам и ќе им бидам пример на сите како треба да живеат “, изјави Чабриќ.
Добрила Ивановска Чабриќ е доајенка на Македонскиот народен театар и естраден уметник. Родена е на 1 февруари 1928 година во Бариќ кај Голубац во близина на Пожаревац, Р. Србија.
Во МНТ се вработила во 1946 година и играла во првата претстава на македонски јазик „Платон Кречет“.
Во МНТ за единаесет години активна актерска кариера остварила 29 улоги.
„Мојот татко беше учител и доби служба во скопје. Брзи курсеви, брзи кадрови, ме запишаа да бидам професор за музика. Таму почувствуваа дека имам други таленти, сакаа да бидам оперски пејач. После дипломата ми рекоа дека ќе дојдам во опера.
Но, кога поминував покрај театарот видов оглас за актери. На аудицијата имаше големи ѕвезди. Кога дојде ред на мене, им реков дека поминав и влегов иако не сум подготвена. Ми рекоа да прочитам рецитација и ме примија. Ми рекоа „од први си наш член“ и така станав глумица“, рече Добрила која пред неколку години имала и монодрама која без никакви тешкотии ја издржала.
„Помина прекрасно. Во Битола добив награда на меѓународниот фестивал од 14 земји и бев многу горда на тоа. Сцнеата прави да се чувствувам како риба во вода.. Од книгата што ја пишувам сакаат да направат монодрама којашто јас ќе ја играм. Едвај чекам тоа да се реализира. Но, оваа корона не спречува“, раскажа Добрила.