Кафе муабет

ДЕНЕСКА СИТЕ ЈА ОЗБОРУВААТ: Ова е сопругата на Мили која наводно ја изневерува со контроверзната водителка (ФОТО)

Мили се насмеа на сите написи...

Композиторот Александар Милиќ- Мили, денеска се најде во центар на скандалот поради наводните пораки испратени до водителката Јована Јеремиќ.

Фото: Инстаграм/ Александар Милиќ Мили

Тој со години е во складен брак со убавата Нина, со која има две деца.

Фото: Инстаграм/ Александар Милиќ Мили

Иако ретко се појавуваат заедно во јавноста, тој во неколку наврати на својот Инстаграм објави фотографии од неговата згодна сопруга.

Фото: Инстаграм/ Александар Милиќ Мили

Според многумина жената која го освои срцето на Мили пред 15 години, изгледа како светски познатите манекенки, а нивната љубов е силна како првиот ден.

Фото: Инстаграм/ Александар Милиќ Мили

“Мислам дека сум многу добар и грижлив сопруг. Претпоставувам дека не се лажам, треба да ја прашате Нина. Шега на страна, многу пати се обидов да организирам изненадување за некои важни датуми во нашиот заеднички живот за да се сеќаваме на нив до крајот на животот, а, од друга страна, многу и заборавив. Тоа е како онаа крава која дава млеко а потоа ќе ја шутне кофата. Мојата романтична страна најдобро се гледа во моите песни“, изјави во една прилика композиторот.

Фото: Инстаграм/ Александар Милиќ Мили

„Од моментот кога ја видов, знаев дека еден ден ќе ми биде жена. Следниот ден се враќаше во Италија да студира. Веднаш им реков на пријателите: „Денот кога Нина ќе слета, треба да знам“ потоа, таа се врати за Нова Година и ја славевме заедно Новата 2004 година. Јас и кажав дека ќе одиме на вечера утредента, а потоа отидовме во кафуле каде што сакав да одам. Ја прашав дали има момче, ми рече дека има. И реков: „Види, планот е овој: утре сабајле ќе му се јавиш и ќе му кажеш дека нема ништо од вас двајца, дека не е тоа – тоа. Ќе разговараме околу пладне, доаѓам по тебе и јас и ти веќе не се разделуваме, изјави во една прилика композиторот.

Фото: Инстаграм/ Александар Милиќ Мили

Имено, Мили и неговата сопруга Нина со години важат за еден од најскладните парови на естрадата, но по пораките кои се појавија во јавноста нивниот брак би можел да биде загрозен.

Фото: Инстаграм/ Александар Милиќ Мили

Имено, на социјалните мрежи одекна веста дека пејачот и композитор наводно ја изневерува жена си со контроверзната водителка.

Фото: Инстаграм/ Александар Милиќ Мили

Се започна кога телефонот на водителката Јована Јеремиќ беше фотографиран за време на емисијата „Викенд утро“, а кога фотографијата беше зумирана во инбокс, меѓу првите се најде и пораката за која се мислеше дека е на Мили, поради името и сликите кои неодоливо потсетуваат на него.

Фото: Инстаграм/ Александар Милиќ Мили

– Или можеби спа ако сакате да се опуштите… Многу нудам, не вреди – стоеше во пораката, а набрзо следеа коментари :


„Дали овој Мили од Милиграм е фатен на дело како ја изневерува жена си со пресветата Јована Јеремиќ, која е позната како личност која јавно открива љубовни афери и самата се вклучи во тоа.
На ваквите написи одговори Мили…

Фото Инстаграм/Јована Јеремиќ

– Еве, ме насмеавте. Мојот профил на таа мрежа не изгледа така. И профилот и преписката се лажни. Со Јована немам никаков контакт, ниту сум го имал некогаш. Во Турција сум и уживам, правам песни за новиот Милиграм каде ќе пеат најголемите ѕвезди – изјави Мили.

Фото Инстаграм/Јована Јеремиќ

За ова за Informer.rs проговори и Јована Јеремиќ која објасни кој е нејзиниот Мили:

Фото Инстаграм/Јована Јеремиќ

– Демантирам, не е во прашање никаков Мили од Гранд, туку мојот пријател кого го викам Мили. Не ги пишувам луѓето во телефонот по име и презиме, туку по тоа што ми значат и како се чувствувам со нив. Значи ова е целосна лага, не сакам да правам проблеми, никогаш не одам со женети мажи. Не знам на кого му текнало да го идентификува Мили со Гранд но вистината е дека Мили од Гранд и мојот Мили навистина личат, и двајцата се ќелави, но дека контактирав со него не е вистина…

Фото Инстаграм/Јована Јеремиќ
Фото Инстаграм/Јована Јеремиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close