Кафе муабет
Даниел се ожени по втор пат а Кристина се бореше со депресија и откри како живее со фактот што не се заедно- ОВА Е ЦЕЛАТА ВИСТИНА
Тој ужива во љубовта...
Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски пред неколку дена се ожени со својата нова избраничка а пред три години се раздели од сопругата Кристина Димитриевска, која е 13 години помлада од него. По разделбата паднала во депресија со која се борела долго време.
Кристина дури и јавно проговори за депресијата во која се наоѓала и објаснила како се снашла:
– Кога сакаш, тешко е да се прифати фактот дека не ти оди, дека не сте еден за друг. Во тој период не сакав да комуницирам со никого, се затворив во себе. Се чувствував како цел свет да ќе ми падне на глава. Откако се тргнав сама во себе, и излегов на крај со болката која ми го уништи срцето – изјавила тогаш манекенката и додала дека вежбањето и помогнало да се избори со депресијата.
– Поради работата што ја работам морав да продолжам да вежбам. Одев во теретана секој ден – изјави тогаш Димитријевска.
Кристина и Даниел имаат син, а на Кајмакоски му предвидуваа успешна кариера, но тој поради семејството се повлече од медиумите и водеше сосема мирен живот.
Во февруари 2017 година го доби синот Дејвид со тринаесет години помлада убавица, но бракот не траеше долго, па тие се разведоа.
Сега објави фотографии од граѓанската венчавка со својата втора избраничка, на која заедно со фотографиите и испрати емотивни зборови:
– Те сакам, не само поради тоа што си, туку и поради тоа што сум јас кога сум со тебе.
На денот на венчавката на Даниел, неговиот син Давид не беше присутен на церемонијата.
Наследникот денот го поминал во прегратките на својата мајка а доказ за тоа е фотографијата која таа ја сподели на социјалните мрежи.
Кристина заедно со синот Давид го помина денот кога Даниел го кажа судбоносното Да на својата нова избраничка, но сепак не се огласи по тој повод и јавноста не знае што таа мисли за оваа негова одлука.