Брак

Дали знаете колку време дневно имаат мајките само за себе? Научниците пресметаа, ќе се изненадите од резултатите!

Ќе се изненадите од ова

На една просечна мајка сигурно често и се причинува како да нема ни една секунда за себе. Тоа не е ни чудно кога ќе земеме во предвид дека се распнати помеѓу децата, партнерите, деловните и домашните обврски.

Ова интересно истражување спроведено на „TVBed.com“, опфати речиси две илјади британски мајки, а резултатите би можеле малку да ве изненадат. Имено, се покажа дека една просечна мајка може да одвои за себе само скромни 17 минути во кои треба да ја вклопи основната хигиена, уживањето во нејзиното хоби, вежбање или било што друго. И не, спиењето не се смета како „време за себе”.

Работите стануваат уште шокантни кога ќе се пресметаат на неделно ниво. Имено, откако една просечна мајка времето ќе го потроши грижејќи се околу децата, за домашните работи и за одењето на работа, ќе и остане час и половина неделно кое може да го посвети за само за себе.

Исто така, истражувањата покажаа дека дури 51 отсто од испитаничките велат дека има недели кога немаат ни една минута слободно време. Покрај тоа, две третини од мајките укажаа дека домашната работа и понатаму неправедно се распоредени помеѓу нив и нивните партнери.

Истражувањата покажаа дека тие работат речиси 80% од работните обврски во домаќинствата.

Related Articles

Close
Close