Кафе муабет

Гоца Божиновска јавно и испрати порака на снаата – еве што и напиша!

Ти благодарам што ми го даде најубавиот подарок и ме направи толку среќна со внукот...

Пред неколку дена Мирко Шијан и Бојана Родиќ станаа родители на малиот Зоран Шијан.

Фото Инстаграм/Бојана Родиќ
фото Курир.рс

Познатата фолк пејачка Гоца Божиновска не ја криеше среќата што стана баба, па дури и јавно и се обрати на снаата.

Имено, таа ја објави фотографијата на Бојана на својот профил на Инстаграм и јавно и се заблагодари:

Фото Принтскрин

“Ти благодарам што ми го даде најубавиот подарок и ме направи толку среќна со внукот. Те сакам многу”, напиша Гоца покрај сликата на Бојана.

фото инстаграм/ Гоца Божиновска

– Оваа среќа не може да се опише со зборови, не сум при себе. Не можам да дишам колку што ми е полно срцето. Бабина радост, најубава среќа, мојот прв внук. Мојата Бојана ми ја даде најголемата радост, станав баба, нема посреќна личност на светот од мене – изјави Гоца за Телеграф Џетсет.

фото инстаграм/ Гоца Божиновска
Фото Инстаграм/Гоца Божиновска

Гордата баба истакна дека покојниот татко на Мирко, Зоран Шијан, по кого внукот го доби името, сигурно ќе биде горд на својот син.

Фото Инстаграм/Гоца Божиновска

– Дете на баба, душо, мојот прв внук. Мојот Мирко стана татко, има ли поголема радост? Шијан сигурно би бил многу горд на него – рече Божиновска.

Фото Инстаграм/Бојана Родиќ
Фото Инстаграм/Бојана Родиќ
Фото Инстаграм/Бојана Родиќ

Дека Гоца и Бојана одлчно се согласуваат пејачката зборуваше  претходно. Таа на неколку наврат и самата призна дека му велела на својот син Мирко дека прилика како Бојана не треба да испушта.

фото инстаграм/Гоца Божиновска

Гоца за својата снаа имаше само пофални зборови. За неа вели дека е голема домаќинка а најмногу ја радува фактот што успеа да го промени нејзиниот син.

Фото Инстаграм/Бојана Родиќ
Фото Инстаграм/Бојана Родиќ

– Тие многу се сакаат и тоа е најважното за мене. Штом ќе донесете одлука да имате дете, значи се сакате. Тие се согласуваат толку добро, никогаш не сум ги чула да се расправаат, да имаат проблеми, да доаѓаат и да си одат … Мирко се смени за 360 степени. Тој ми е смешен. Тој рече: „Мамо, сега мора оваа соба да биде за бебето, јас му реков вие бирајте која соба ќе биде за бебето– рече Гоца.

Фото Инстаграм/Бојана Родиќ
Фото Инстаграм/Бојана Родиќ

Гоца во една прилика откри дека снаата ја чуваат како капка вода на дланка.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close