Бременост
ВОЛШЕБНИ ФОТОГРАФИИ: МАМИЧКИ со стомачиња облечени како принцезите на Дизни (ГАЛЕРИЈА)
Таа им предложи да се облекуваат во ликови од бајките на Дизни
Бразилската фотографка Ванеса Фирм излезе со идеја идните мајки да ги претвори во принцези. Таа им предложи да се облекуваат во ликови од бајките на Дизни, а резултатот е вреден спомен што бремените жени ќе го имаат засекогаш.
“Дојдов до идеја кога запознав клиент кој чекаше девојка што таа реши да ја именува Бела. Ме потсети на ликот од анимираниот филм „ Убавицата и ѕверот “, па затоа и предложив да се облече во легендарниот жолт фустан. Сакав повеќе слични фотографии” рече таа, како што објави Мајли.
Оттогаш, многу идни мајки застанаа пред објективот на нејзиниот фотоапарат и станаа Ариел, Снежана, Јасмин, Пепелашка и други.
Некои од фотографиите ги направиле татковци, кои се облекувале во машки ликови, а имало и ситуации кога приказните добиле продолжение, а семејствата потоа ги фотографирале нивните новородени бебиња. „Тука не станува збор само за волшебни фотографии, туку и желба жените никогаш да не ја заборават својата бременост и да залутаат за момент далеку од вистинските грижи што ги имаат кога сте бремена“, забележа таа.
Фотограф не може да одлучи која фотографија и е омилена, а не можеме ниту ние.