Кафе муабет
Вики Миљковиќ има со што да се гордее: Го покажа својот син кој порасна во успешно младо момче!
Наследникот на семејството Ташковиќ реши сам да ја гради својата кариера...
Синот на Вики Миљковиќ и Драган Ташковиќ порасна во прекрасно младо момче кое неверојатно потсетува на неговата мајка, но тој избра сосема поинаков животен пат од родителите.
Синот на Вики Миљковиќ и Драган Ташковиќ одлучил да биде Андреј Ташковиќ, а не син на познати родители. Затоа наследникот на семејството Ташковиќ реши сам да ја гради својата кариера, па избра да се испроба на тенискиот терен.
– Андреј е опседнат со спорт. Тој игра тенис, а неодамна почна да оди и на турнири. Активно работи на својата физичка подготвеност, која сега му е во преден план – откри еднаш горда мајка, во интервју за „Ало!“.
Момчето веќе ги израдувало родителите со бројни медали, а мајка му се труди да му обезбеди што е можно подобри услови, за да не трпат училишните обврски.
– Школувањето и активностите на Андреј не смеат да настрадаат поради природата на мојата работа, која вклучува останување будна до доцна и чести патувања. Секое утро станувам пред седум за да му помогнам да се подготви. Кога тој оди на училиште, јас продолжувам да спијам или да ги завршам обврските.
Вики и Ташко се најголемата поддршка на Андреј и се обидуваат да му овозможат да ги следи своите соништа без никакви тешкотии во животот.
За потсетување, неодамна пејачката откри дека 2015 година била многу тешка за неа. Вики е во брак со Драган Ташковиќ со кого го има синот Андреј. Имено колку што е познато во јавноста на почетокот на нивната врска се противеле неговите родители затоа што тој веќе имаше еден брак пред Вики.
Сепак, тие се венчаа и го добија синот Андреј.
Вики постојано истакнуваше дека мајчинството за неа е најубавата улога. Таа паралелно уживаше во родителството и во успешната кариера, но во 2015 година започна вистински пекол за неа како мајка.
Вики која инаку малку зборува за својот приватен живот, сега си ја отвори душата и рече дека таа година била вистински пекол за неа, кога нејзиниот син Андреј се разболе.
Пејачката вели дека и денес сè уште не сака да се сеќава на тие тешки моменти низ кои помина додека не се опорави нејзиниот син.
– Андреј неколку дена имаше треска, од која не можевме да се ослободиме со сирупи, капење, ракии … Ниту еден доктор ниту бабин лек не помогнаа. Отидовме на лекар, направивме крвни тестови и целата агонија траеше неколку дена, а потоа температурата спадна и тоа беше првата ноќ кога Андреј спиеше нормално. Само што помислив дека сè е готово, ме разбуди неговиот плач: тој викаше како не може да застане на нозе. Тие моменти беа страшни – тоа повеќе не се случи – изјави Вики еднаш за локалните медиуми.
На момчето му беше дијагностициран грч на мускул поради вирус кој „дивееше“ во телото на детето.
Сепак, Андреј за среќа се излечи и сега е здраво 13-годишно момче.