Кафе муабет
Вдовицата на Шабан си најде нова љубов- Гоца во емотивна врска со близок пријател?!
Кружат гласини за наводната нова љубов на Гоца Шаулиќ...
Емотивниот живот на Гоца Шаулиќ се претвори во кошмар на 17 февруари 2019 година, кога нејзиниот сопруг кралот на народната музка Шабан загина во сообраќајна несреќа.
Оттогаш Гоца ретко се појавуваше во јавноста, а уште поретко може да се забележи насмевка на нејзиното лице, но тоа сега може да се промени.
Како што дознава Скандал наводно за Гоца Шаулиќ се заинтересирал инспектор кој со години го познава семејството Шаулиќ. Во времето кога Шабан беше жив, Гоца му беше само тивко страдање на инспекторот, а сега, откако помина извесно време од неговата смрт, анонимниот инспектор се обидува да ја освои вдовицата на Шабан Шаулиќ.
– И Гоца и Шабан беа во многу добри односи со тој инспектор… Прва беше Гоца која се радуваше што излегуваше со него секогаш кога ќе ги повикаше неа и Шабан, и двајцата го ценеа како пријател – вели добро упатен извор и додава:
– Сите ние што бевме во тоа друштво, знаевме дека е слаб на Гоца, но и самиот беше свесен дека Шабан е единствен за неа.
– Меѓутоа, сега кога, за жал, се случи тоа што се случи, тој е упорен да ја добие- раскажува изворот за желбите на инспекторот.
Како што сега стојат работите, емотивниот живот на Гоца Шаулиќ би можел да добие нов, сосема неочекуван епилог, а дали оваа романса навистина има потенцијал останува да видиме.
За потсетување, Гоца премногу патеше по својот Шабан. Таа често пат во медумите споменуваше дека не може да се навкне дека го нема.
– Многу ми се тешки деновите, ноќите се предолги. Секој ден е се потежок и годините ми се се поовеќе тешки, а веројатно ќе ми биде се потешко и потешко. Во мојот случај, животот застана кога тоа се случи.
А требаше да се посветиме еден на друг и да го надокнадиме сето тоа пропуштеното.
Целиот мој живот беше Шабан, 44 години бев со него, растевме заедно, стареевме, созревавме…
…И потоа одеднаш во вакум, а некое враќање, а не знам ни какво би било тоа враќање, кога јас целиот живот живеев за неговиот живот, изјави Гоца неколку дена по сmртта на Шаулиќ.
Вдовицата на музичката легенда во една прилика се присети на заедничкиот живот. Шабан никогаш не се враќал кога одел на пат дури и кога нешто би заборавил.
-Тој ден кога тргна на пат, Шабан се врати без никаков повод, а тие двајца се сретнале на капија од семејниот дом. Ја бакнал својата сопруга како да почувствувал дека тоа му е последна средба, а Гоца таа прегратка ни денес не може да ја заборави.
На прашањето како се носела со оние помалку убавите работи кои во медиумите се пишуваше и пред и по смр тта на Шабан, Гоца вака одговори:
На нашите простори жената е за се виновна и јас тоа го прифатив. Се помирив со тоа да бидам ја дежурен виновник, а ние во нашиот брак заневме кој е кој.
А од страна сите гледаа и коментирааа како на кого му одговараше. Но во моментот кога го изгубивме, човекот кој ни беше се, се појавуваа разноразни кои зборуваат за авиони камиони, ве стават куршум во чело, тоа се ниски удари, но гледам дека така прават сите.
Никогаш ништо не демантирав, ми беше важно мислењето од моите најблиски луѓе ки останаа со нас, а многу и изгубивме, искрено прозбборе Гоца за Скандал.рс.