Кафе муабет
БРЕМЕНАТА ТУРСКА АКТЕРКА МЕТА НА КРИТИКИ: Се однесуваш неодговорно кон бебето во стомакот, седи дома- еве како актерката одговори на провокациите!
Таа е во осмиот месец од бременоста...
42 годишната турска актерка која јавноста ја познавапо улогата на Џавидан од серијата „Кисмет“, е бремена и со нетрпение го очекува своето бебе.
Озге Озер е во осмиот месец од бременоста и таа и нејзиниот сопруг, осум години помладиот музичар Синан Гулериуз, наскоро ќе добијат девојче.
Сепак, и покрај тоа што е во осмиот месец од бременоста, актерката сè уште работи напорно а поради тоа доби и бројни критики. Беше нападната поради тоа што работи во последните месеци до бременоста и снима серии наместо да одмора.
Испровоцирана од разните коментари кои пристигнаа на социјалните мрежи Озге реши да одговори.
Зошто го правите ова, тоа е неодговорно, „стомак до заби“ и таа сè уште шета и снима. Неодговорно од жена над 40 години, таа треба да знае подобро ’, се само некои од коментарите кои актерката не ги игнорираше.
„Не знам зошто би морала да го кријам стомакот, иако околу мене има многу актерки кои не се бремени“, рече Озге и додаде дека забележала дека критиките доаѓаат од – жени.
‘Мажите не обрнуваат внимание на таквите работи. Ова не е прв пат да наидам на негативни коментари и омраза од други жени. Таквите луѓе едноставно треба да бидат отстранети од животот ‘, заклучува Озге.
Патем, актерката и музичарот го изговорија судбоносно „да“ во 2018 година, а пред тоа таа беше во брак со турскоти актер Тансел Онге, а тоа траеше две години од 2007 до 2009 година.