Нега и здравје

Болеста на Јелена Ѓоковиќ повеќе не може да се крие: Ова не е шега, мојот живот НИКОГАШ нема да биде ист

Раскажа за борбата со анксиозноста...

Сопругата на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ многу често ги споделува своите искуства и размислувања со широката публика која ја следи на социјалните мрежи, а здравјето на Јелена Ѓоковиќ беше една од темите за кои таа без ни малку размислување зборуваше за медиумите.

фото Профимедиа

Јелена често разговара со своите следбеници за трогателни теми, како родителството и други проблеми со кои се соочуваат многумина во секојдневието, но не се воздржува кога се во прашање нејзините искуства, а искрено зборуваше и за анксиозноста со која имала можност да се соочи.

фото инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

– Понекогаш се чувствував преоптоварено, што многу влијаеше на моите резултати и отвореност за нови искуства, учење и пријателства. Вознемиреноста и стресот не се шега – е пораката на Јелена Ѓоковиќ која се приклучи на тимот експерти задолжени за овој важен и се почест проблем, особено кај помладите генерации.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anxious Nation (@anxiousnation)

– Бев вознемирена, тоа ме уништи мене, мојата слика за себе. Мислев дека сум супержена, дека можам да одговорам на сите потреби на мојот сопруг и децата, а потоа морав да се соочам со моите стравови. И среќа што се случи тоа затоа што се разбудив и сфатив дека морам да се посветам себеси- изјави еднаш Јелена за магазинот Стори и призна како сето тоа ја довело во ситуација да се натпреварува со сопругот:

Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

– Ќе биде храбро да го кажам ова пред милиони луѓе, но се обидував да се натпреварувам со Ноле. Мислев дека не добивам признание аккво што заслужувам и дека мојата работа не се гледа бидејќи сето тоа се случува во позадина. Сè што направив беше невидливо. Жените немаат простор да зборуваат, да се покажат и постои стереотип за спортистките како треба да изгледаат и да се однесуваат. Порано ме болеше да ме препознаваат само како негова жена, сега го носам со гордост тој прекар.

Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

Оваа посветена мајка и сопруга, на чиј бајковит живот многумина подзавидуваат, не се двоумеше да ја покаже и другата страна на паричката и истакна дека одгледувањето деца не е воопшто лесна работа, и дека мајчинството целосно и го променило животот:

фото инстаграм/Новак Ѓоковиќ
Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ
фото инстаграм/Новак Ѓоковиќ

– Бев фокусирана на Ноле и неговите потреби. Потоа доаѓа период на фрустрација, кога ќе сфатите дека вашите потреби не се задоволуваат. Не можев да ги насочам моите фрустрации кон него, бидејќи не е тој крив, јас сум крива и мој избор беше да му се посветам. Потоа дојде Стефан кој целосно ме потресе и благодарение на него сфатив дека морам да се грижам за себе, бидејќи за да бидам добра мама треба да се чувствувам добро – искрена беше Јелена.

фото инстаграм/Новак Ѓоковиќ

– Ги вложив сите сили да ги одгледам нив двајца. Посветена сум на најмалите и целосно им се предавам. А Ноле ми е како дете, бара многу внимание. Имам полни раце работа, мислам дека веќе не ми треба. Го разбирам Новак, многу пропушти во воспитувањето на своите деца и претпоставувам дека ќе сака уште едно кога ќе ја заврши кариерата. Нема да кажам „не“, ако тоа ни го донесе животот, туку ќе кажам дека мојот избор би бил „не“.

фото инстаграм/Новак Ѓоковиќ

Да потсетиме, Новак и Јелена Ѓоковиќ својата љубов ја негуваат уште од средношколските денови, а тенисерот безброј пати истакна дека Јелена е негова сродна душа, а ќе се согласите дека не и било лесно да го следи низ сите животни борби.

фото инстаграм/Јелена Ѓоковиќ
ФОТО: Новак Ѓоковиќ / Инстаграм
ФОТО: Новак Ѓоковиќ / Инстаграм
ФОТО: Новак Ѓоковиќ / Инстаграм
ФОТО: Новак Ѓоковиќ / Инстаграм

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close