Кафе муабет
Богдана и Вељко вешто ја кријат оваа тајна- Жељко ќе биде најсреќен кога ќе дознае!
Се уште не потврдија дека Бојана е бремена...
Богдана и Вељко Ражнатовиќ се уште не ја потврдиле добрата вест, но во медиумите веќе на големо се шпекулира дека малиот Жељко по втор пат ќе стане братучед.
Имено, како што објави српски Курир, Бојана Родиќ повторно е бремена и на Мирко Шијан ќе му роди второ дете.
Богдана и Вељко Ражнатовиќ не ја коментираа убавата вест, но збунетиот Мирко на медиумите им даде уште поголема причина за шпекулации.
– Нема да се огласуваме. Кога ќе се случи, ќе се обратам до медиумите – рече Мирко и со тоа ниту демантираше, ниту потврди дали неговиот син Зоран ќе има брат или сестра.
Сепак, јасно е дека сестрите Родиќ би ја примиле оваа вест со голема радост, а тетката и тетин Ражнатовиќ би биле подеднакво среќни, исто како малиот Жељко. Останува да видиме дали е вистина веста дека новороденче ќе пристигне во семејната куќа во Сурчин.
Како што објави српски Курир наводно Мирко и Бојана повторно ќе станат родители, а Мирко веста им ја соопштил само на блиските пријатели.
Мирко планира да направи голема прослава, а полот на бебето се уште не го знаат, па може да се претпостави дека Бојана е во рана бременост.
Во оваа прилика се огласи и Гоца Божиновска, која рече:
-Не знам ништо за тоа, сега ќе проверам, сигурно нема да давам изјави“, кратко изјави Гоца за Курир.
Се шушка дека не се во добри односи!
Фолк пејачката Гоца Божиновска ја дели куќа со снаата Бојана и синот Мирко, а медиумите често шпекулираат за нивната врска и животот под ист покрив.
Божиновска неодамна откри каков однос има со Бојана, а пред тоа раскажа како ужива со нејзиниот внук Зоран:
– Сите сме добри и здрави, внук ми е како кукла. Само нешто галами, веќе почна нешто да кажува – ја започнува приказната на Гоца за српски Информер и додава:
-Тоа дека се караме се глупости, не знам кој може да се скара со мојата Бојана. Ја гледам како моја ќерка, јас така гледам на неа. Воопшто не ја одвојувам од Јелена и Зорана, навистина е така. Нема сомнеж, функционираме како да сум ја родила. Никогаш не се караме, немаме несогласувања, затоа што сме на два одделни ката, кога ќе ме викнат јас се качувам, кога ќе ги викнам доаѓаат. Кога ме канат на ручек, одам кај нив, кога готвам јас ги викам – вели пејачката и открива каква готвачка е нејзината снаа:
– Бојана е одлична домаќинка и готвачка. Таа готви многу добро, особено ова модерно јадење. Прави разновидни салати и тестенини, најмногу ми се допаѓаат. Секако дека знае да приготви грав, што за неа е лесна работа. Иако јас сум задолжена за овие традиционални јадења – рече Божиновска, а за наводната кавга со Бојана, вели:
– Без разлика на се! Таа знае дека се шегувам. Нема несогласувања меѓу нас, навистина ! – рече Гоца на крајот.