Кафе муабет
Бали Бег сподели емотивно видео со синот кое ќе ви го стопли срцето
Каран му пее на својот татко...
Турскиот актер Бурак Озчивит или кај нас попознат како Бали бег на својот Инстаграм профил сподели видео со својот син Каран. На видеото се гледа како малиот Каран му пее на својот татко Бурак.
Неодоливото видео од таткото и синот за кратко време собра голем број лајкови и коментари од воодушевените фанови.
Бурак го доби синот со сопругата, која исто така е актерка, Фахрије. Тие се запознале на заедничко снимање каде глумеле заљубен пар. Актерите љубовта од сетот ја пренеле во реалниот живот.
Тие беа во врска четири години, а во Истанбул во 2017 година запловија во брачните води.
Иако во последно време се погласни беа гласините за разнишувањето на бракот на еден од најпознатите турски двојки, 34-годишната Фахрије Евчен и година дена постариот Бурак Озчивит.
Неколку пати турските медиуми јавија дека двојката имала жестока кавга за време на одморот во вила кај Бодрум, при што реагирале и соседите. Освен тоа, неколку пати се шпекулираше дека ќе потпишат документи за развод.
Како што неодамна открија извори блиски до сопружниците, во нивниот брак веќе подолго време нешто не функционира. Откако на Фахрије ѝ почина таткото како последица на долгогодишната борба со карциномот на желудник, а таа поради тоа падна во тешка депресија и никако не успеа да се избори со тагата.
Поради тоа и товарот за грижата околу нивниот син Каран речиси целосно падна на Бурак.
Тој се обидувал да ја увери дека треба да посети психијатар, со оглед на тоа дека подолго време не разговарала со него.
И кога обожавателите веќе се помирија со фактот дека на „турската Бранџелина“ и дојде крајот, сопружниците изненадија со заедничко појавување во јавноста.
Бројните фанови се пресреќни дека парот успеа да ги надмине, проблемите.
Семејството Озчивит не само што никогаш не било посреќно, тие минатата година ја прославија четвртата годишнина од бракот. Иако претходно не се осврнаа на озборувањата, особено на оние за разводот, овој пат докажаа дека не се вистинити.
Каран се роди на 14 април 2019 година, и секоја негова фотографија ги радува обожавателите на познатите родители.
Турскиот актер со нетрпение чекаше да стане татко. Тој толку беше среќен што веднаш откако ги дозна среќните вести му отвори профил на социјалните мрежи на својот нероден син уште пред да се роди, и тој сега има околу 130.000 фанови.
Таа во една прилика зборуваше и за промените што и се случиле во животот откако во 2019 го роди Каран.
„Отсекогаш мислев дека добро управувам со моето време и бев горда на самата себеси, бидејќи тука беше универзитетот, мојот деловен живот, успеав успешно да го менаџирам сето тоа, но откако бебето влезе во мојот живот, видов дека не е баш така лесно, тоа потполно го преврте мојот ритам“.
„Тоа е така затоа што бебето има свој ритам и мајката мора да одви време за него“, зборуваше актерката на состанокот.
„Долго време немав поддршка од никого, освен од Бурак. Од тие причини дојде и до сериозни промени во мојот живот“ изјави Фахрие.
„Станав многу поемоционална откако станав мајка. Но два главни проблеми почнаа да ме болат многу. Дали секое бебе расте под еднакви услови? И дали секое семејство може да се грижи за своето бебе под еднакви услови? По некое време почнав многу длабоко да ја чувствувам оваа тема“, изјави Евџен.