Бременост

Ана Севиќ замина од родилиштето- пресреќната мама откри кое име му го дадоа на синот!

Пејачката откри дека се чувствува одлично...

Пејачката Ана Севиќ се породи пред пет дена и роди машко дете, а вчера таа и наследнкот излегоа од породилиштето.

ФОТО: ATA Images

Имено, нејзиниот сопруг Данијел Недељковиќ ја зема од породилиштето, а и двајцата не симнаа насмевка од лицето.

фото инстаграм/ана севиќ

Ана откри како се чувствува, но го откри и името на бебето.

фото инстаграм/Ана Севиќ

– Супер сум, прекрасно, најубаво. Бебето е супер, се вика Симеон – изјавила Ана.

Да потсетиме, Данијел Недељковиќ и Ана Севиќ станаа родители на нивната ќерка Сена во 2020 година, а пејачката со нејзиниот колега Дарко Лазиќ ја има ќерката Лорена.

фото инстаграм/ Ана Севиќ

За потсетување Ана Севиќ, се породи во родилиштето Народни фронт и го роди своето трето дете.

фото инстаграм/ана севиќ

По две ќерки пристигна и син, а како што пренесуваат медиумите породувањето поминало добро.

фото инстаграм/ана севиќ

За пејачката и водителка ова е второто дете со нејзиниот партнер Данијел Недељковиќ, со кој веќе ја има ќерката Сена.

фото инстаграм/Ана Севиќ

Таа неодамна одговараше на прашањата на своите следбеници на Инстаграм кога откри интересен детал од периодот на бременоста.

фото инстаграм/ана севиќ

– Сега како луда јадам ананас, а долго време ме држеше фазата на „палачинки со еурокрем, плазма и вишни“, а претходно не бев љубител на таа комбинација. Имав фаза со портокали и пита со јаболка. Главно ако не јадам што сакам да јадам, сепак ќе бидам гладна – искрена била пејачката.

фото инстаграм/ана севиќ

Таа откри и дека не била разгалена трудница, била вредна во текот на целата бременост и тоа очигледно и помогнало да не се здебели.

фото инстаграм/Ана Севиќ

Севиќ се повлече од медиумите поради семејни обврски, но се уште е активна на Инстаграм, па неодамна одговараше на прашањата на своите следбеници.

фото инстаграм/ана севиќ

– Искрено, последен пат се измерив во јуни минатата година, пред третата бременост. Имав два килограми повеќе од вообичаено. Набрзо дознав дека доаѓа нашето трето бебе и оттогаш ја заборавив вагата. Не ми е гајле, уживам во бременоста, јадам што сакам, се чувствувам добро и не се дебелеам. И јас сум максимално активна! – рече Ана.

фото инстаграм/ана севиќ
фото инстаграм/ана севиќ
фото инстаграм/ана севиќ
фото инстаграм/ана севиќ
фото инстаграм/ана севиќ

.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close