Кафе муабет
Анастасија го напушти Гудељ: Ќерката на Цеца замина од Севиља, по неколку часа престој во Белград еве каде отпатува!
Замина во Италија...
Пред неколку дена во медиумите како бомба одекна веста дека ќерката на фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ, Анастасија е во среќна врска со фудбалерот на Севиља, Немања Гудељ.
Младата пејачка пред повеќе од еден месец ја раскина петгодишната врска со бизнисменот Ѓорѓе Кулиќ а неодамна отпатува во Севиља.
Фотографиите кои ги споделуваше на социјалните мрежи ја подгореа приказната дека е во врска со српскиот фудбалер Немања Гудељ.
Престојот на Анастасија во Шпанија ја откри нивната врска а сега Ражнатовиќ ја напушти романтичната Севиља.
Судејќи по Инстаграм профилот на Ражнатовиќ, таа од Севиља дошла во Белград, но таму не се задржала долго.
Веднаш од главниот град на Србија, младата пејачка и нејзината пријателка отпатуваа за Рим, од каде се огласи на социјалните мрежи.
Како што пишуваат медиумите, младиот пар го чека крајот на фудбалската сезона, кога Гудељ ќе дојде во Србија и ќе се запознае со семејството на Анастасија.
Наводно и Цеца Ражнатовиќ во ноември ќе замине во Катар за да му даде поддршка на момчето на Анастасија, Немања Гудељ на Светското првенство!
Фолк дивата често во живо ги следи значајните натпревари на српската репрезентација, а веројатно овојпат тоа ќе го направи со поголемо задоволство. Сега има причина плус, бидејќи во Катар ќе игра и фудбалерот на Севиља со кој нејзината наследничка е во љубовна врска.
– Анастасија и Цеца планираат патување на Мундијалот. До натпреварот остануваат уште седум месеци, а Анастасија веќе бара авионски билети и хотел, бидејќи во Катар се очекува гужва, туристи за време на Мундијалот – ја започнува приказната извор близок на парот и додава дека Анастасија и Немања веќе имаат планови за иднина а заедно се само еден месец.
-Толку многу се заљубија еден во друг што на сите ни се чини дека наскоро ќе почнат да живеат заедно. Анастасија требаше да се врати од Севиља во недела, но престојот го продолжи до среда бидејќи не можеше да се раздели од Немања. Навистина и се допаѓа и тешко и е да се одвои од него. Покрај тоа што двајцата се обожаваат пејачката го освои и семејството на Гудељ, мајката Оливера, сестрата Вања и братот Драги. Во неделата сите беа заедно на натпреварот, а пред тоа дамите направија голем шопинг во Марбела.
– Анастасија одлично се сложува со сестрата и мајката на Гудељ. Додека Немања беше во карантин, трите отпатуваа на југот на Шпанија, во Марбела, каде има ексклузивни бутици. Анастасија потрошила дури 10.000 евра на облека. Се облекла од глава до пети, а им купила и подароци на својот брат Жељко и мајката Цеца.
Изворот истакнува дека Анастасија едвај чека нејзината мајка конечно да го запознае својот зет.
– Немања поради Анастасија двапати доаѓаше во Србија, но не се сретна со Цеца. Затоа и ветил дека повторно ќе дојде по празниците. Цеца едвај чека да го угости својот иден зет за кој слушнала се најдобро. Среќна е што нејзината сакана си најде момче од добро семејство. Затоа се согласила на предлогот на Анастасија заедно да заминат во Катар и на Немања да му дадат поддршка – заклучува изворот.
Дечкото на Анастасија е на врвот на листата на најплатени српски фудбалери. Неговата годишна плата во Севиља е 5.650.000 евра.
Да потсетиме, Анастасија и Немања се во врска еден месец. Младата пејачка веќе била со своето момче во Шпанија, додека фудбалерот на Севиља двапати дошол во Белград со својата девојка, но се уште не успеал да ја запознае својата идна баба Цеца Ражнатовиќ.