Кафе муабет

Има 9 години и натпросечна интелигенција: На три години и беше дијагностициран аутизам- сега завршува два факултети!

Инаку Адара ја тестира својата интелигенција уште од четиригодишна возраст...

Адара Перез од Мексико Сити e е девојчето кое го воодушеви светот. Таа има девет години и иако на три години и беше дијагностициран аутизам таа не се откажа од својот сон и денес студира на два факултети.

фото инстаграм/Adhara Maite Pérez Sánchez
фото инстаграм/Adhara Maite Pérez Sánchez
фото инстаграм/Adhara Maite Pérez Sánchez

Инаку Адара ја тестира својата интелигенција уште од четиригодишна возраст.

Сега има девет години и студира на два факултети: едниот по инженерство на системи на Универзитетот ЦНЦИ и другиот за индустриско инженерство по математика на УНИТЕК. И двата се наоѓаат во Мексико.
Своите интереси ги насочи кон Универзитетот во Аризона, каде и беше понудено место за студирање астрономија, а сега работи на англискиот јазик, за да може да го оствари својот сон, пренесува b92.net

фото инстаграм/Adhara Maite Pérez Sánchez
фото инстаграм/Adhara Maite Pérez Sánchez
фото инстаграм/Adhara Maite Pérez Sánchez

Инаку, на Адари и беше дијагностициран аутизам кога имала три години, а за време на основното училиште доживеа насилство, бидејќи другите деца сметаа дека е „чудна“. Овие несреќни ситуации всушност биле поттик за откривање колку е генијална оваа девојка.

Како што вели нејзината мајка Налели Санчез, Адара играла во куќата кога децата ја заклучиле внатре. Почнаа да викаат и да и кажуваат грди работи.

фото инстаграм/Adhara Maite Pérez Sánchez
фото инстаграм/Adhara Maite Pérez Sánchez
фото инстаграм/Adhara Maite Pérez Sánchez

„Почнаа да удираат по куќата, тогаш таа ми рече дека повеќе не сака да оди на училиште, падна во депресија“, рече нејзината мајка.

Сепак, токму оваа ситуација откри дека девојчето е генијалец. После настаните на училиште, нејзината мајка ја однела на терапија и таму психијатарот и препорача на Адара да оди во Центарот за грижа за таленти, каде што беа извршени разни тестови за интелигенција. На сите овие тестови таа постигна 162.
За споредба, се верува дека Ајнштајн и Хокинг имале 160.

фото инстаграм/Adhara Maite Pérez Sánchez
фото инстаграм/Adhara Maite Pérez Sánchez

Девојчето завршило средно училиште кога имала само осум години и сега работи на својата диплома преку Интернет.

фото инстаграм/Adhara Maite Pérez Sánchez

Покрај тоа, девојчето пишува книга.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close