Бебе

Хит фотографија од породилиште во Австралија – кога во Македонија ќе има вакво нешто?

Имено ваквото креветче е дефинитивно одлично решение за сите мајки кои се породиле со царски рез и не можат веднаш да станат на нозе...

Породилиштето е местото каде мајката и бебето се запознаваат прв пат и го имаат првиот физички контакт. Тој момент треба да биде најубавиот но и најудобниот за мајките.

фото илустрација

Имено во породилиштето знаеме дека болничките кревети на мајката и бебето се одвоени што во некои случаеви се покажа и како не толку добро решение.

фото илустрација

Последните денови на социјалните мрежи кружи фотографија од пред неколку години на која мајка од Австралија на својот специјален болнички кревет има закачено креветче за новороденче.

Фото Ringaraja.net

Иако сè уште има родители и експерти кои предупредуваат дека спиењето заедно мајка и бебе е опасно, сепак едно австралиско породилиште е повеќе од свесно за сите непроценливите придобивки од заедничкото спиење на мајка и новороденче.

Имено ваквото креветче е дефинитивно одлично решение за сите мајки кои се породиле со царски рез и не можат веднаш да станат на нозе.

фото илустрација

И секако за сите оние мајки на кои им е тешко породувањето и им е потребна поголема помош во првите денови по породувањето, за да можат да станат и да го земат бебето во раце.

фото илустрација

Со оглед на тоа дека повеќето породувања се на некој начин стресен настан за мајката, ваквото решение за болнички кревет секако би било добредојдено за повеќето постпородилни мајки, бидејќи тие би можеле да го имаат бебето постојано со себе наместо да се мачат да стануваат…

фото илустрација

Докажано е дека новороденчињата кои се разделени од мајките доживуваат уште поголема вознемиреност поради разделбата во првите денови по раѓањето.

фото илустрација

Доколку биде до својата мајка бебето ќе може да го почувствува нејзиниот мирис и на тој начин сигурно посмирено и со љубов ќе го доживее доаѓањето во новиот свет.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close