Бременост

СТИГНАА ПРВИТЕ ПОДАРОЦИ ЗА БЕБЕТО: Луна не можеше да ја сокрие среќата- пејачката се пофали и откри кој и приреди изненадување!

Луна е во четвртиот месец од бременоста...

За Луна Џогани, победничката во втората сезона на „Задруга“, оваа година ќе биде убедливо најубавата и највозбудливата година досега, со оглед на тоа дека ќе се оствари во улогата на мајка.

Фото Инстаграм

Луна сега е во четвртиот месец од бременоста, и иако има уште многу да се направи пред породувањето, првите подароци за бебето кое ќе го носи името Миа пристигнаа денес.

Меѓу првите кои купија подарок за се уште неродената Миа беше најмлада сестра Бланкица, која и подари облека и бебешки капи.

Првите подароци за Миа ни пристигнуваат, Бланкица не израдува – се пофали Луна на Инстаграм.

Инаку пред извесно време и нејзиниот татко, танчерот и поранешен учесник на „Задруга“, Гаги Џогани, реши да не ја крие радоста дека наскоро, за неколку месеци, ќе стане дедо.

Гаги е особено емотивен поради блажената состојба на неговата ќерка и тој честопати и посветува емотивна порака јавно,  што беше случај и сега.

Имено, Гаги објави стара фотографија од Луна и напиша три реченици кои, без сомнение, и ги разбудија најубавите чувства.

 

-Сè се менува, само твоите очи никогаш … Во нив се гледа целата убавина и добрина. Нека секогаш блескаат од среќа, моја гордост – напиша Гаги.

фото инстаграм

Инаку Луна и нејзиниот партнер Марко Мијковиќ го очекуваат своето прво дете, а таа пред извесно време откри дека на почетокот од нивната врска  се сомневала во него и мислела дека со неа е поради корист.

„Мислев дека Марко е со мене само за да победи во реалното шоу, но кога заминавме од„ Задруга “почнав да му верувам 100 проценти“.

Фановите го следат секој чекор на пејачката која секојдневно споделува како ги поминува своите денови во  бременоста.

Луна истакна дека честопати има промени во расположението, па затоа понекогаш плаче кога ќе се погледне во огледало бидејќи мисли дека е дебела. Сепак, свршеникот ја разбира и се обидува да и ги исполни сите желби.

Парот неодамна откри дека чекаат девојче.

Нема сомнение дека целото семејство е возбудено, како и дека сите со нетрпение чекаат да ја запознаат малата принцеза.

 

Фото Инстаграм

Фото Инстаграм

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close