Брак

Според свекрва ми, ќе си го разгалам детето, бидејќи постојано го смирувам кога плаче

Некои нејзини јавни приговори ме излудуваат

За мноштво жени, мајката на сопругот е последната личност чии попувања, омаловажувања и посрамотувања на сметка на родителството сакаат да ги слушнат.

Особено во периодот додека ги раснат и воспитуваат малите деца. За епскиот однос меѓу свекрвите и снаите се напишани илјадници текстови. Без намера да бидеме пристрасни, овојпат ќе ги споделиме искуствата само на едната страна. Анонимни млади жени си кажаа сѐ што им лежи на душата за мајките на нивните мажи.

Ако сте тазе родител, можеби и ќе се препознаете во нечија исповед. А, доколку сте во спротивниот табор, тогаш сигурно нема да ви се допаднат повеќето од изречените зборови. Зошто?

Младите мајки отворено проговореа за непријатностите и потешкотиите со кои се соочуваат од ден во ден, споделувајќи ги најлошите искуства што ги имале со своите свекрви. Еве на какви маки се тие:

„Според мојата свекрва вештерка, ќерка ми никогаш нема да се одвикне од пелените, бидејќи не сум била доволно строга. Драга госпоѓо, оставете ме на мир! Детето има само две години.“

„Не верувам дека свекрвата ми мисли лошо, ама баш е пасивно агресивна. Последно нешто со кое ми го крева притисокот е константното боцкање дека не сум го научила синот да вози велосипед. Таа везден е на точак. Хм, можеби е така бидејќи е уште во градинка и не го интересира возењето велосипед?“

„Почнав да одам на работа, па го комбинирам доењето со вештачко млеко. Кога свекрвата ќе го види син ми со шишенце, секогаш прави намртштена фаца. Ме прашува и дали навистина се чувствувам добро, знаејќи дека детето има пластична брадавица во устата. Молам???“

„Мојата свекрва нонстоп ме обвинува мене што децата се пребирливи околу храната. Сум била претерано попустлива. Потоа ќе појдат кај неа на викенд и нормално одбиваат да каснат од повеќето јадења кои ги има зготвено. Па, таа им нарачува пици. Толку за нејзината дволичност.“

„Ги знаете ли старине баби кои од утро до вечер зборат дека на бебето му е цело време студено, па треба да носи чорапчиња без оглед на температурата? Да, таква е мојата свекрва. Ме убедуваше дека детето ќе ми премрзне до смрт. Но, погодете што? Тоа преживеа и без чорапите во лето.“

„Според мајката на маж ми, ќе си го разгалам детето, бидејќи постојано го смирувам кога плаче. Има три месеци. Ќе го разгалам со својата грижа?! Галење и разгалување не е исто, ама мојата свекрва очигледно не го знае тоа.“

„Јавните приговори за исхраната ме полудуваат. Свекрва ми мисли дека нeјзина задача е непрекинато да ме советува како да ги хранам децата. Навистина веќе не можам да ја слушам. Не, моите душички не страдаат затоа што ги терам да јадат и зеленчук!“

Препораки

Close
Close