Бременост

Секој ден додека била во стомакот таткото и ги повторувал овие реченици: Кога се родила, тој и се обратил со истите зборови- реакцијата на девојчето ќе ве остави без текст!

Преслатката Антонела му подари насмевка на тато кој секој ден и повторувал дека ја сака

Тарсила Роса и Флавио Дантас станаа вистински хит на социјалните мрежи откако ја објавија својата интересна приказна.

 

Имено парот со нетрпение го чекаше своето прво бебе, па таткото по секое враќање од работа сакаше да помине време со своето детенце и додека тоа е во стомакот на мама.

Да, многумина се во недоумица и се прашуваат дали навистина бебињата слушаат се што се случува, па токму Тарсила и Флавио ќе ви го покажат тоа.

 

 

Додека со нетрпение чекаа да се роди нивната ќерка Антонела, Флавио бил толку возбуден што секој ден, веднаш штом ќе се врател од работа, прво разговарал со бебето во стомакот.

 

 

Ќе седнеше и ќе започнеше да ги раскажува сите авантури од работата, а потоа долго ќе и кажуваше дека мама и тато многу ја сакаат, галејќи ми го стомакот. Постојано му потенцираше на бебето дека тој секогаш ќе биде тука за неа, открива сопругата на Флавио.

 

Тој и самиот истакна дека не бил сигурен дали има смисла да разговара со Антонела, додека таа е во стомакот на мајка си, но тој решил да се обиде да комуницира со својата ќерка за секој случај.

 

И, кога дојде Антонела дојде на овој свет, се покажа дека цело време внимателно го слушала својот татко.

Откако прв пат ја здогледа, Флавио и се обрати, на што таа веднаш возврати со насмевка и ја направи приказната уште подобра.

 

 

Интересно е и тоа што таа е родена на Денот на таткото.

 

Антонела е многу популарна ан социјалните мрежи, таа веќе има свој Инстаграм профил, каде нејзината мајка поставува интересни фотографии од неа и ги споделува со јавноста сите интересни моменти на малата принцеза.

 

 

Антонела има речиси 8000 следбеници.

 

 

 

 

 

 

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close