Бебе

„Невозможно е затоа што сум ДЕВИЦА“: Таа се зачуди кога слушна дека е бремена, но лекарите имаат објаснување

Чувствував болка во стомакот и се сетив дека менстрyацијата ми доцнеше една недела

Саманта Лин Изабел објави видео на својот профил на „ТикТок“ во кое ја раскажа нејзината необична приказна за бременост.

Имено, кога Саманта дознала дека ќе стане мајка, имала само 19 години. Интересно е што таа тврди дека во тоа време била девица и дека била шокирана што воопшто забременила.

– Чувствував болка во стомакот и се сетив дека менстрyацијата ми доцнеше една недела. Бременоста не ми падна на памет, но јас мислев дека е невозможно затоа што моето момче и јас никогаш не водевме љубов – таа започна да ја раскажува својата приказна. Сепак, таа одлучи да направи тест за бременост и беше шокирана кога беше позитивна.

Веднаш после тоа, таа отишла кај гинекологот, кој потврдил дека е пет недели бремена.

Саманта објасни како веројатно се случила бременоста затоа што таа и момчето се допирале едни со други, но гинекологот Џeнифер Линколн вели дека сперmата некако морала да допре до матката. Не е важно дали се допирате ако на били што има сперmата и навлегува внатре јајцето може да се оплоди – објасни Линколн. Таа додаде дека случаите на вакво оплодување се ретки, но дека тие се можни.

Саманта признала дека одлучила да го задржи детето. Таа роди едно момче Бентли, кое неодамна си доби уште едно братче. Тој, за разлика од првиот, беше зачнат на „традиционалниот начин“.

Преплашеното девојче, како што го нарекоа руските медиуми, стана Јутјуб ѕвезда

Преплашеното девојче, како што го нарекоа руските медиуми, стана Јутјуб ѕвезда кога на својот канал раскажа дека и покрај тоа што и самата е дете, на 13 години станала мајка, и како бременоста ја криела од своите родители.

Полина Фетисова денес има 16 години и вели дека за ништо од она што го направила досега не жали, пишува „7 News“.

„Веднаш ме блокираше на сите социјални мрежи и ми кажа дека не го интересирам“, вели младата девојка за момчето.

Неверојатно е тоа што никој во семејството не се посомневал дека е бремена и тоа до 35-та недела. Како што вели таа, сите членови во нејзиното семејство природно се полнички, па никој не се посомневал дека носи дете.

„Се плашев од реакцијата на моите родители и не знаев дали детето е добро. Плачев секоја ноќ“ беше искрена во својата исповест младата девојка која денес се грижи за својата ќерка со помош на својата мајка.

Мојата мама сфати дека сум бремена еднаш кога ме гушна. Бебето клоцаше и таа го почувствува ударот. Веднаш ме однесе на гинеколог, се сеќава Полина.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close