Бебе

Истражувањата покажаа: Еве зошто е многу важно да им пеете приспивни песни на бебињата!

Секоја приспивна песна што ја слуша од својата мајка го смирува бебето, и така побрзо заспива...

Приспивната песна не е обична песна, таа е поврзаност на детето со мајката и влијае на емоционалниот и физичкиот развој на детето.

foto ilustracija

Нема бебе кое не заспива по неколку моменти кога ќе почнете да му пеете приспивна песна.

фото илустрација

Секоја приспивна песна што ја слуша од својата мајка го смирува бебето, и така побрзо заспива.

Освен фактот дека бебињата едноставно сакаат приспивни песни, еве зошто е многу важно да пеете секој ден?

фото илустрација

За бебињата е многу важно да слушаат приспивни песни, но исто така и да им пее драга личност, најчесто мама.

Едно истражување се занимаваше со оваа тема и проучуваше како децата реагираат на различни песни пред спиење. Она што истражувачите откриле е дека бебињата најдобро реагираат на звукот на приспивните песни. Несомнено, приспивните песни ги смируваат и го намалуваат нивото на стрес кај бебињата.

фото илустрација

Истражувачите дошле до некои други заклучоци, а тоа е дека приспивните песни ја забавуваат работата на срцето на детето, што влијае на смирено и длабоко дишење и уште повеќе ги смирува. Приспивните песни се одличен начин да го смирите вашето бебе, бидејќи нивната мелодија е повторлива, лесна и релаксирачка.

фото илустрација

Денес, постојат различни приспивни песни што можете едноставно да ги пуштите на вашето дете и тоа да ужива додека ги слуша. Сепак, дополнителна предност е ако приспивната песна ја пеат родителите или  личности на чиј глас е навикнато бебето и поради тоа се чувствува безбедно.

фото илустрација

Освен што ги смируваат бебињата приспивните песни креираат посебна врска помеѓу родителите и децата.

Ако не се сеќавате на текстовите на приспивните песни, можете да измислите свои. Запомнете дека единственото нешто што е важно е бебето да го слушне вашиот глас, зборовите и не се толку важни. Сепак, бебето ќе реагира многу подобро на приспивната песна што му е позната, па обидете се секогаш да ја пеете истата.

фото илустрација

Во продолжение листа од неколку песнички за заспивање на вашето малечко кои можеби ќе ви бидат од корист:

фото илустрација

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close