Бременост

Докторот ми рече” Не сум магионичар но ќе пробам да ти ги спасам децата”- разликата меѓу овие близначки е 22 дена!

Јелена денеска е пресреќна мајка на близначките Хелена и Дуња

Денеска Јелена Миладинов од Белград е пресреќна мајка на две близначки, но патот до нив не бил ни малку лесен.

фото Блиц.рс

Јелена која е медицинска сестра, ги добила близначките Хелена И Дуња по пат на инвитро и вели дека е благодарна што бог ја израдувал со две прекрасни ќерќички.

За Блиц.рс, Јелена открива детали за бременоста и вели дека се било во ред се до, 24 тата недела кога докторот одеднаш и рекол дека најверојатно ќе мора предвремено да се породи.

 

Тогаш помислила дека сè е готово, а денес приказната е сосема поинаква.

“Мојот серклаж попушти. Мојот водењак пропадна. Кога докторот ми рече на прегледот дека веројатно ќе треба да ме породат предвреме бидејќи едно бебе веќе започнала да излегува, помислив дека сè е готово”, раскажува Јелена Миладинов за Блиц.

Почувствував неподнослива болка.Тоа чувство на страв дека ќе ги изгубам близнаците  и денес стои длабоко врежано во мојата меморија. Преплашена, Јелена постојано се прашуваше  зошто токму сега.

Фото Блиц.рс

 

“Кога започна болката, тие ме однесоа во болница за да се породам. Потоа видоа дека едното бебе не е во матката и дека всушност започнало породувањето. За среќа, таму беше професорот Жељко Миковиќ, кој го роди првото бебе, а другото успеа да го задржи во матката. Го видов бебето во инкубатор, чувството беше ужасно, наместо да се радувам како повеќето мајки – се исплашив колку е мала, си реков ќе ми се смести во дланката “, вели медицинската сестра.

Заради предвременото раѓање и болката што ја имаше Јелена, д-р Миковиќ мораше да се реши на храбар потег.

Тој и рекол на Јелена дека не е магионичар но дека ќе се обиде да ги спаси двете бебиња.

Второто породување на Јелена се случило по 22 дена

 

“Мојот случај е специфичен токму поради тоа што двете бебиња се разлика 22 дена, иако се близначки. За тоа е заслужен докторот кој даде се од себе за да ги спаси моите деца. По првото породување повторно беше ставен серклаж и мирував се до 29 недела кога Дуња дојде на свет. Моите деца денеска се добро, но стравот на почетокот беше голем. Хелена беше родена со 820 грама, а Дуња во 29 недела со 1.040  грама.

Сега, кога сè е готово и девојките се во ред, Јелена вели дека сега ужива во слатките маки со нив.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close