Бебе
Блиски роднини стапуваат во брак: Децата ја плаќаат цената- последиците се ужасни!
Британските пакистански парови во Велика Британија, сочинуваат една третина - 33% од децата со генетски дефекти при раѓање...
Речиси 55% од паровите со пакистанско потекло се во брак со роднини, а тоа доведува до сериозни здравствени нарушувања на децата.
Британските пакистански парови во Велика Британија, сочинуваат една третина – 33% од децата со генетски дефекти при раѓање.
Бракот помеѓу партнери со крвно сродство е се попопуларен во овие заедници, бидејќи се верува дека така фамилијата го зајакнува семејното единство и го чуваат богатството недопрено.
Студијата „Роден во Брадфорд“ открива дека секоја година половина од бебињата во градот се раѓаат од мајки со пакистанско потекло.
Две третини од овие жени се во брак со роднини од прва или втора генерација, поради што постои зголемен ризик нивните потомци да ум-рат или да имаат попреченост.
Овој мултикултурен дел од Јоркшир не е единственото место во Велика Британија каде родителите кои се крвно поповрзани се обвинети за смртта на бебето. Бирмингем неодамна најави итна работна група за испитување на високото ниво на смр-тност кај новороденчиња, откако здравствените и социјалните службеници открија дека тоа е двојно повисоко од просекот во земјата.
Иако сиромаштијата игра улога во кризата, една петтина од сите смр-тни случаи на новороденчињата се резултат на генетски проблеми што се јавуваат кога роднините се венчаат и раѓаат деца, се вели во извештајот на Градскиот совет на Бирмингем.
Бебињата со пакистанско и јужноазиско потекло беа несразмерно погодени, со едно во 188 мртвородени деца.
Наодите толку многу го вознемирија поранешниот главен обвинител на северо-западна Англија, Назир Афзал, што тој рече дека постои можност за забрана за брак меѓу блиски роднини со цел да се стави крај на страдањата на „сериозно погодените деца и родители“.
Познатиот активист за правата на жените и децата, чии родители исто така пристигнаа во Велика Британија од Пакистан, објасни:
“Првата должност на владата е да ги заштити своите граѓани од штета. Постои силен аргумент да ги забрани семејните бракови и да ги води како инцест, уморни се од погребувањата на нивните бебиња “.
Неговата позиција не е само експлицитна, туку и храбра, бидејќи критиките за семејните бракови се табу тема меѓу пакистанските и јужноазиските заедници.
Критичарите на Афзал веќе го обвинија дека неговите контроверзни изјави се насочени кон „децата со попреченост“.
„Ние мора да ја следиме науката и да дејствуваме за да спасиме животи“, рече тој.
Проблемот е во тоа што бебињата родени во склучен брак од роднини, можат да страдаат од таканаречени „рецесивни“ генетски нарушувања, поврзани со тешка попреченост и рана см-рт.
Овие нарушувања се предизвикани од варијанти гени. Ако наследите еден ген од рецесивна варијанта, нема да се разболите или да ум0рете. Меѓутоа, ако детето ја наследи истата варијанта на гени од секој родител во крвно сродство, постои поголем ризик од здравствен проблем.
Веројатноста дека еден пар има иста варијанта на гени е 100 спрема еден во општата популација. Во бракови со братучеди, ова може да се зголеми на еден од осум, бидејќи луѓето кои се меѓусебно поврзани, најверојатно ги имаат истите грешки во нивната ДНК. А, проблемот се влошува затоа што братучедите продолжуваат да склучуваат брак генерација по генерација.
– Тие најчесто беа договорени од материјални причини, а не поради религија. Семејствата не сакаат да ризикуваат да ги изгубат семејните пари ако девојчињата се омажат за аутсајдер. Некои родители „ги верат“ своите деца веднаш по раѓањето – објасни Афзал.