Бебе

Зошто е добро вашите деца да имаат поголема разлика во годините?

И големата разлика во годините помеѓу децата има свои предности...

Секој има различни цели, различни можности и желби, па според тоа, не сака секој да има деца кои имаат мала разлика во годините. Која и да е причината, и тоа со себе носи одредени предности. Ако сте во двоумење или пак ако веќе имате деца кои имаат поголема разлика во годините, погледнете кои предности ги имате или ве очекуваат.

Имате само едно бебе/мало дете истовремено

Тоа значи остварување на некои сонови… Бебињата и малите деца се грагоцени, но бараат и многу работа. Среќни сте што можете да уживате и во времето за себе, а притоа ќе можете на секое дете одделно да му посветите повеќе време.

Постарото дете може да ви помага околу бебето

Кога имате поголема разлика во годините помеѓу децата, обично имате еден помошник, дури и кога се работи за тоа да ви подаде влажни марамици додека ја менувате пелената на бебето.

Помагање околу домашните обврски

Освен тоа што може да ви помага во некои помали работи околу бебето, постарото дете може да ви помогне и при средувањето на домот. Собирање на играчките, раскревање на масата… и ова е предност и тоа голема!

Секако, покрај предностите има и негативности, но како и да е, децата се благослов, а која опција и да ја изберете – нема да погрешите! Важно е да дарувате разбирање, внимание и многу, многу љубов!

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close