Бебе
Ви се чини дека ќе полудите од врескањето на бебето? Научниците велат дека сте нормални!
Има бебиња кои се во состојба постојано да врескаат.
Кога вреска бебето, не само што може да ги уништи нервите на родителите, туку и нивниот слух. Според најновите истражувања, бебињата и децата може да прават врева како и млазните авиони.
Особено се погодени оние родители чиишто бебиња постојано и долго врескаат. Речиси секое петто бебе спаѓа во оваа категорија. Верувале или не, има бебиња кои се во состојба да врескаат осум часови без прекин.
На кој јазик врескаат бебињата?
Врескањето не е само врескање. На пример, германските бебиња врескаат поинаку од француските – гласи резултатот од една студија. Типичното врескање на француските бебиња има растечка мелодија, додека германските бебиња растат со опаѓачка мелодија.
Причината за тоа лежи во фактот што бебето уште во мајчината утроба ги регистрира мелодиите на зборувањето, кои подоцна ги имитираат со врескање. Така, би можело да се каже дека врескањето гласно е ран стадиум на говорот.