Бременост

Прашања кои ги имаат речиси сите жени кои се прв пат бремени

Ова се најчестите прашања кои ги имаат идните мајки...

Кога прв пат ќе го здогледате позитивниот тест за бременост, во вашата глава ќе се отворат милион нови прашања. Во продолжение ви прикажуваме што најмногу ги „мачи“ идните мајки.

Кога ќе биде мојот прв ултразвук?

Некои жени имаат ран ултразвук, што значи и пред 10-тата недела на бременоста, а вашиот лекар би можело да ве упати на ран ултразвук ако сте имале спонтан абортус или од други за него познати причини. Сепак, повеќето бремени жени својот прв ултразвук го имаат во 12-тата недела од бременоста.

Кога е во ред да им соопштам на другите?

Ова целосно останува на вас. Некои луѓе сакаат оваа вест да ја држат за себе или барем за поблиското семејство, додека не бидат сигурни дека бременоста напредува добро. Обично, прегледот во 12-тата недела овозможува сигурна потврда, што е и време кога многу парови одлучуваат да ја соопштат радосната вест. Но, секако, вие сами одлучувате што е најдобро за вас.

Која храна би требало да ја избегнувам?

Постојат одредени намирници кои бремените жени би требало да ги избегнуваат, затоа што бременоста ви го ослабува имунолошкиот систем и ве прави помалку способни да се борите против бактериите. Некои од тие намирници вклучуваат месен нарезок и сирова морска храна.

Колку често треба да одам на лекар?

Откако ќе дознаете дека сте бремени, би требало уште веднаш да закажете преглед кај вашиот матичен гинеколог. Потоа може да очекувате преглед помеѓу 8 и 10 недела, под услов вашата бременост да е нормална, здрава и без ризик.

Кога ќе го дознаам полот на бебето?

Најверојатно ќе треба да почекате од 18 до 20 недела, за да го дознаете полот на бебето, затоа што со ултразвук тешко е да се видат порано гениталиите на бебето.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close