Бебе
Неколку совети како да му помогнете на бебето да ја преспива ноќта
Секое бебе е различно, но некои совети може да ви бидат од голема корист.
Постојат одредени начини на кои можете да ги зголемите шансите за спиење на вашето бебе.
Расчистете го наредот
Собата за спиење не треба да биде и соба за игра. Областа околу креветчето треба да биде уредна, без играчки и други забавни предмети.
Почнете полека да се одвојувате
Ставајте го бебето да спие во своја соба барем една дремка дневно. На овој начин бебето ќе се навикнува на својот кревет, па кога ќе дојде време целосно да преспива таму, нема да му биде ништо ново и непознато.
Пригушено светло
Светлото на бебето му сигнализира дека е ден, така што мракот ќе му помогне на бебето да се задржи во сон. Избегнувајте ги светлата што е можно повеќе.
Методи за успивање
Некои бебиња сами по себе научуваат да ја преспијат ноќта, а на други им треба малку помош околу тоа. Бебето можете да почнете да го учите на која била возраст, само не пред четвртиот месец.
Направете план
Договорете се со партнерот околу тоа што ќе правите кога бебето ќе се разбуди на средина во ноќта и кој ќе го прави тоа. Бидете доследни на својот план, така бебето полесно ќе се научи.