Брак

Моменти кои секој татко треба да ги помине со своето дете

Врската помеѓу таткото и бебето не е добра само за нив, туку и за мајката.

Бидејќи мајките поминуваат повеќе време со децата, потребно е татковците да пронајдат време за повеќе моменти со своите малечки. Во продлжение ви прикажуваме неколку работи со кои ќе ја поттикнете врската помеѓу таткото и детето.

Нека таткото се вклучи во процесот на хранење

Уште кога бебето е на доење, таткото може да помогне во овој процес така што ќе го крене бебето и ќе му помогне да подригне. Не само што ќе почне да се поврзува со таткото, туку тоа е мал семеен ритуал кој ќе ѝ помогне на мајката.

Нека времето за капење биде вистинско семејно забавно дружење

Позабавно е кога ги споделуваме работите, а притоа и полесно. Сопругот може да биде задолжен за капење на телото, а мајката за косата. Некои од најубавите спомени може да ви бидат токму во ваквите ситуации.

Нека таткото стане дел од утринската рутина

Утринската рутина изгледа поинаку во секое домаќинство. Но сепак, таткото може да помогне во утринските обврски кои многу ќе ѝ значат на неговата сопруга. Тоа може да биде исполнување на некоја обврска, или забавни и креативни мигови со најсаканите. Комбинирајте како вам ви одговара, забавувајте се и поврзете се.

Таткото нека чита приказни за добра ноќ

Ова е одличен начин бебето да се запознае со гласот на татко му и така да заспива со него. Исто така таткото со изборот на својата книга ќе му го покаже својот вкус на детето. Истовремено, ова е одличен начин таткото да се одмори по напорниот работен ден.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close