Градинка

Идеи за игри со децата кои ќе им послужат и на најуморните родители

Времето поминато со вашето дете е бесценето!

Не е доволно да се дружите со детето само еден ден во неделата, или уште полошо – само за празници! На детето му требаме секој ден, без исклучоци. Ако сакате утеха, тогаш потсетете се на правилото: И малку е многу.

Важно е секој ден детето да чувствува љубов и семејна топлина. Следниве работи може да ги изведе и најуморниот родител.

  • Читајте сликовница – лежете заедно со детето, опуштете се и уживајте. Избирајте ги оние зборови кои веќе ги знаете на памет, децата сакаат да повторуваат и сакаат познати приказни затоа што тоа им влева сигурност.

  • Гледајте заедно цртан филм – Откако ќе заврши, разговарајте за тоа, а можете и заедно да ги нацртате деталите од цртаниот филм или да одглумите некој лик кој посебно ви се допаѓал.
  • Ако немате сила за разговор, а детето има „полни батерии“, тогаш поттикнувајте го детето со зборови да изведува некоја активност, а притоа вие оценувајте го за истата.

  • Играјте игра „погоди што цртам“, така што цртате слика дел по дел, а детето треба да погоди што ќе биде на крај. Потоа пак заменете си ги улогите. Или пак нацртајте нешто и потоа изрежете ја сликата во едноставна сложувалка
    Може да изоставите еден дел, па да погодувате што има на таа нецелосна слика. Можностите се многу.

  • Градете нешто од лего коцки или сложувајте сложувалка. Удобно се сместите, деловите сложувајте ги полека, па нека вашето дете ве престигне и неговата градба нека биде подобра од вашата. Барајте од детето да ве поучи како да ги сложувате сложувалките, како од коцките да изградите поубаво возило, подобра куќа…

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close