Градинка
Дозволете им на децата да им биде досадно – еве и зошто!
Не трудете се постојано да ги забавувате вашите деца.
„Досадно ми е“ – реченица која секој родител го доведува до лудило! Кога ќе завршат со сите обврски, поголеми деца се досадуваат. Нема никој надвор, на телевизорот нема ништо интересно, книгите се досадно… Децата се навикнати да бидат исполнети со обврски, но не и самостојно да го организираат своето време. Помислата дека на детето му е досадно, го тера секој родител постојано да го организира неговото време. Но, не губете ги нервите. Пуштете ги самите да се снаоѓаат.
Досадата може да биде добар пријател. Ако му дозволите на детето да се досадува, ќе се изненадите како самото ќе знае да се заигра, со своите прсти, со перници, со некоја амбаажа. Не мора секогаш игрите да имаат цел нешто да научат. Играта само како игра е од голема важност.
Не повторувајте им постојано некои идеи, така ги спречувате да мислат. Децата, исто како и возрасните, мора да имаат време за да седат и да „зјапаат во празно“. Тоа е време кога си ги полнат батериите, а во моментите кога нема да знаат што да прават со своето време, тогаш им се развива вродената креативност.
Ако децата не научат како да ја победат досадата, тоа чувство може да им остане како негативно однесување во подоцнежните години.
Понекогаш децата само сакаат да се дружат со вас
Родителските обиди да ја поправат досадата само носи фрустрација – како кај родителите, така и кај децата. Лекот не е вклучување на компјутерот и играње игри додека вие нешто собирате и спремате вечера. Понекогаш е потребно само да се спуштите на под и да правите нешто со вашите деца. Баш било што. И обичното скокање ним ќе им биде интересно.