Градинка

Ако вашето дете обожава диносауруси, значи дека е супер паметно

Една од најпопуларните теми кај децата е страста кон диносауруси.

Ако вашето дете има опсесија за диносауруси и го знае секој факт за Т-рекс, опушти се и уживај!

Се прашувате зошто? Па, вашиот мал љубител на диносауруси има тенденција да биде натпросечно интелигентен, подобро ќе ги совладува јазичните вештини и ќе обратотува информации.

Накратко, децата кои сакаат диносауруси ќе бидат подобро и попаметни ученици, а тоа ги докажале три одвоени истражувања поврзани со она што научниците го нарекуваат „интензивни интереси“.

Според една студија од 2007 година, околу една третина од малите деца во некоја доба развиваат интензивен интерес за некоја тема, а една од најпопуларните е опсесијата со диносауруси. Се’ уште не е познато од што е поттикнат тој интерес, но сигурно е дека децата на возраст од 2 до 6 години може да именуваат повеќе диносауруси од своите родители.

„Поставување прашања, пронаоѓање одговори и стекнување стручност е генерален процес на учење. Истражувањето на темата и нејзиното усвојување е корисно затоа што така го оформуваме знаењето“, објаснуваат психијатрите. додавајќи дека на децата основно занимање им е играта, па најдобро учат преку неа.

Голема улога игра и фактот дека децата сакаат да покажуваат дека имаат поголемо знаење од своите родители.

„Ако родителите може да именуваат три или четири видови диносауруси, а детето 20, тоа во себе ќе развие чувство на авторитет“, наведуваат психолозите.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Интересно

Close
Close
Close